ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Изборен материјал или градежна реклама – Орце и сивата зона на јавниот простор

February 20, 2026 13:32
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во центарот на Скопје, таткото на градот, Орце Ѓорѓиевски, сè уште ги убедува граѓаните дека тој прво е човек, а потоа градоначалник. Покривајќи страничен ѕид на станбен објект, мегабордот на Орце  „боде очи“ на градот, отворајќи го прашањето постои ли зако, што би го тргнал Орце и сите останати мегаборди што уште го окупираат јавниот простор?

Вториот круг од локалните избори 2025 се одржа на 2 ноември 2025, Законскиот рок за отстранување на изборниот материјал истече на 2 декември 2025. Тоа значи дека сите билборди и рекламни паноа што уште не се остранети веќе 77 дена го поминале истекот на рокот предвиден во Изборниот законик. Но, тука настанува проблемот со Орце, затоа што мегабордите на стамбените згради, а дел од изборните кампањи, не се регулирани со Изборниот законик. 

Фотографијата е направена на 17 февруари 2026 година

Што вели Изборниот законик?

Изборното рекламирање конкретно преку билборди е регулирано во член 78-а од Изборниот законик кој вели:

  • Дозволено е политичко рекламирање на билборди
  • Максимум 50% од вкупниот број билборди во една општина смеат да се користат за политичко рекламирање.
  • Општините и фирмите што стопанисуваат со билборди се должни во рок од 5 дена од распишување на изборите да ги објават локациите и цените и да ги достават до Државна изборна комисија, Државниот завод за ревизија и ДКСК.
  • Распределбата се врши по строго утврдени проценти (40%-40%-10%-10%) и тоа по пат на ждрепка што ја спроведува ДИК.
  • Правните лица се должни да поднесат извештај за доделените локации најдоцна 15 дена по завршување на кампањата.

Но клучниот член во конкретниот случај е член 79 став (2):

Учесникот во изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да ги отстрани изборните плакати.

Непочитувањето на оваа обврска повлекува санкции според член 185:

  • Глоба од 2.500 евра за политичката партија, коалицијата или независниот кандидат;
  • Дополнителни 30% од износот за одговорното лице.

Со други зборови, законодавецот јасно предвидел дека изборната порака има рок на траење. Но, плакати и билборди не е исто, па законодавецот предвидел и каде учесниците на изборите и правните лица можат да го заобиколат законот и првано да бидат чисти додека се уште вода кампања.

Во овој контекст е битен и членот 78 став (7):

Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот

Со оглед дека Орце е на станбен објект, со претпоставка во согласност со сопственикот/сопствениците на објектот, ако се смета за изборен плакат, тогаш не само што е поминат рокот за негово отсранување туку според Изборниот законик некој досега требало и да се казни.

Правен вакуум кај „мегабордите“

Проблемот станува посложен кога станува збор за т.н. мегаборди поставени на станбени згради.

Тие не се експлицитно регулирани во Изборниот законик, туку формално се третираат според Законот за градење (член 80) и Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради.

Според член 9 од Правилникот, поставување на плакати, рекламни натписи и слична опрема на станбени згради може да се врши само ако е во согласност со закон.

Процедурата е административна:

  • Инвеститорот поднесува барање со документација;
  • Решението го издава градоначалникот на општината, општината во Град Скопје или Градот Скопје;
  • Формата и потребната документација ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Но тука се појавува суштинскиот проблем:

 Овој систем не е синхронизиран со изборното законодавство.

Нема:

  • процентуална распределба меѓу партии,
  • ждрепка за локации,
  • механизам за рамномерна застапеност,
  • автоматска обврска за отстранување во рок од 30 дена во контекст на изборна кампања.

Тоа создава правна сива зона во која изборната порака може формално да биде третирана како „градежна рекламна опрема“, наместо како изборен материјал.

Плакат или мегаборд: дали има разлика во законот?

Во Изборниот законик не постои дефиниција со конкретни димензии за „изборен плакат“. Законот користи поширок термин – изборно рекламирање и плакати, без да прави разлика според формат или квадратура.

Тоа значи дека од аспект на изборното право не е важна големината, туку дали пораката е дел од изборна кампања.

Ако содржината повикува на гласање, промовира кандидат или партија во изборен период – тогаш таа спаѓа под правилата на Изборниот законик, без разлика дали е е хартиен плакат, билборд или мегаборд со димензии 8 х 4 метри поставен на фасада, како во случајот со градоначалникот на Град Скопје.

77 дена подоцна: Институционално прашање

Кога изборната порака останува во јавниот простор речиси три месеци по законскиот рок, тоа веќе не е прашање на политички маркетинг, туку на владеење на правото.

Изборниот процес има јасен почеток и јасен крај. Законот барем тоа го предвидува.

Во контекст на Орце, мегабордот не станува „обична реклама“ само затоа што е голем и поставен со градежна дозвола.

Ако носи изборна порака – тој е изборен материјал. А ако е изборен материјал – има рок на траење.

Токму тука се отвора прашањето дали институциите ја применуваат содржинската логика на законот, или дозволуваат формално префрлање во друга правна рамка. Или во крајна линија воопшто не им е гајле?

Биљана Јордановска / Цивил Медиа

Next Post
Фото: ХЕРА

ХЕРА: Само 19 општини имаат младински совет, младите се недоволно вклучени во донесувањето одлуки

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk