ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на динамиката на закажување рочишта во судскиот процес

February 22, 2026 09:21
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА, ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ
Share on FacebookShare on Twitter

Родителите на починатите во трагичниот пожар од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ вчера на протестниот „Марш за ангелите“ реагираа на забавената динамиката на закажување рочишта во судскиот процес. Пред почетокот на судењето добиле јасно и гласно ветување од судиите и обвинителите дека ќе има две рочишта неделно, дека нема да има одложувања со неоправдана причина, дека строго ќе се контролираат лекарските оправдувања, нивната цел, точноста и дали навистина соодвестуваат со фактичката и здравствената сосотојба на обвинетиот.

 -Денес прашуваме: каде се тие ветувања? Гледаме одложувања, гледаме оправдувања. Во месец јануари се одржа само едно рочиште. Во февруари досега се одржаа две, а до крајот на месецот е закажано уште едно – ако воопшто се одржи. И токму затоа прашуваме: каде е ветената динамика?  Каде е најавеното темпо од две рочишта неделно? Гледаме обвинети кои одеднаш, од здрави, стануваат „болни“ и доставуваат медицинска документација за која ние не знаеме дали е основана или не. А тоа кај нас буди сомнеж дека ваквите дејствија се во насока на одолговлекување на постапката, рече пред Основниот суд во Кочани,  Александар Наунов, татко на починатата Надица.

Зборувајќи во името на родителите на настраданите, Наунов нагласи дека слушнале информации за привилегии што не смеат да постојат. Според него, на првоосомничениот му бил пронајден телефон во ќелијата и сè завршило со опомена.

-Се поставува прашањето: дали навистина се врши редовна контрола во притворот? Што се случува со телефоните на првоосомничениот? Дали се обработени до крај и дали од нив е извлечена целата можно достапна комуникација? И уште поважно – дали е прифатливо лице осомничено во ваква трагедија да  помине само со опомена, или требаше директно да следи казна со краток престој во самица? Тоа не враќа доверба. Тоа отвора сомнежи. Бараме одговор, побара таткото на загинатото девојче.

На сите оние кои однапред тврдат дека случајот „Пулс“ бил толку „климаво поставен“ што ќе падне, Наунов им порача да запомнат дека, како што рече: „под тие скали не лежи предмет, не лежи бројка, не лежи статистика. Под тие скали лежат 63 млади животи., 63 недоискажани соништа, 63 светови што згаснаа за миг, 63 семејства што никогаш повеќе нема да бидат цели. Тоа не се имиња на лист хартија. Тоа се свети имиња — вредни за почит, за достоинство, за вистина“.

-Ако ветивте динамика — покажете ја. Ако ветивте контрола — спроведете ја. Ако ветивте правда — испорачајте ја. Нашето трпение е при крај, но нашата борба за правда не запира. Ќе следиме. Ќе прашуваме. Ќе зборуваме. Правдата за „Пулс“ мора да се случи. Без одлагање. Без изговори. Без компромиси, истакна  Александар Наунов на крајот од обраќањето од пред кочанскиот Основен суд.

Next Post

Прилеп ја слави Прочка со вековен ритуал: 100 години прилепски мечкари

Shortcut

Најново

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk