ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со Мицкоски има пад на странските инвестиции од 729 милиони евра, истакна Филипче

March 1, 2026 13:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека во 2025 година има „драматичен пад“ на директните странски инвестиции, повикувајќи се на податоци од Народната банка.

„Со Христијан Мицкоски на чело на Владата има намалување на странските инвестиции во 2025 година за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024-та година“, изјави Филипче.

Според него, податоците покажуваат пад од 61 процент на директните странски инвестиции.

„Во 2024 година има кулминација и највисока рекордна вредност на директни странски инвестиции од 1.196.000.000 евра, а сега во 2025-та година само 467 милиони евра. И тоа е практично резултатот на економската политика на оваа Влада на премиерот – едноставно дебакл“, рече тој.

Споредба со претходниот период

Филипче посочи дека за време на владите предводени од СДСМ биле отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции.

„Во реалноста, за време на владите на СДСМ, 16 нови фабрики се отворија како резултат на директни странски инвестиции – гиганти како Гересхајмер, Магна, Леар, ДНЗ. Се генерираа над 10.000 работни места само во технолошко-индустриските развојни зони“, изјави Филипче.

Тој тврди дека во моментов се бележи повлекување и намалување на активности на дел од странските компании.

„Германскиот гигант Актив официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400–500 работници без работа. Во фабриката Дура се кратат производни линии, Магна го стопираше своето претходно најавено ширење, практично илјадници работни места се под ризик“, рече тој.

Обвинувања за буџетската политика

Филипче ја критикуваше и буџетската политика на Владата.

„Дупката во буџетот е огромна, близу 2 милијарди евра, задолжувањата континуирано доаѓаат. Издадени се две еврообврзници во висина од една милијарда евра, сега се бараат нови 300 милиони евра. Ова се пари коишто со огромни камати ќе ги враќаат следните генерации“, изјави претседателот на СДСМ.

Тој додаде дека СДСМ предложиле зголемување на минималната плата, но дека власта го одбила предлогот.

„Дадовме предлог за зголемување на минималната плата, опишавме како тоа да се направи, од кои ставки во буџетот коишто значат само луксузирање може да се добијат тие пари, но власта тоа не го прифати. Сè уште се на идејата да купат, замислете, нов владин авион“, рече Филипче.

Критики за земјоделството и здравството

Во своето обраќање, Филипче изнесе и критики за намалени средства во одделни сектори.

„Се кратат пари насекаде, нема пари во земјоделството, намалени се субвенциите за тутунарите, за сточарите, за лозарите. Намалени се парите за пациентите со ретки болести за 3 милиони евра. Тоа не е само бројка на хартија, тоа се судбини и животи во ризик“, изјави тој.

На крајот, Филипче оцени дека „нема никаков напредок, нема дури ни стагнација – има назадување на сите процеси во државата“.

Tags: инвестицииМицкоскиФилипче
Next Post
Фото: Општина Гостивар

Градоначалникот на Гостивар му го врачи на албанскиот претседател Бегај „клучот на градот“

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk