Русија им помага на Иран со напредни тактики за употреба на беспилотни летала, развиени во војната против Украина, со цел да се погодат цели на САД и државите од Персискиот Залив, објави CNN.
Според западен разузнавачки претставник, Москва почнала да споделува конкретни тактички искуства за користење на дронови, што претставува ново ниво на воена поддршка.
„Она што порано беше општа поддршка сега станува позагрижувачко, вклучувајќи стратегии за таргетирање со беспилотни летала што Русија ги применуваше во Украина“, изјавил изворот, кој побарал да остане анонимен.
Во извештајот се наведува дека дроновите Shahed, кои се ирански дизајн, но масовно се произведуваат во Русија за војната во Украина, се покажале неочекувано успешни во пробивањето на противвоздушната одбрана на земјите од Персискиот Залив.
Русија во Украина ги користела овие дронови во бранови – повеќе летала летаат истовремено и често ја менуваат траекторијата за да ги збунат системите за противвоздушна одбрана.
Русија му дава разузнавачки информации на Иран за позициите на американските сили
Володимир Зеленски изјави дека Москва веќе му помага на Иран со дронови и предупреди дека поддршката може да се прошири.
„Русија почна да му помага на иранскиот режим со дронови. Сигурно ќе помогне и со ракети, а помага и со противвоздушна одбрана“, напиша Зеленски на X.
Украина испратила и експерти за пресретнување дронови во регионот на Заливот за да споделат искуства од борбата против Shahed леталата.
Западниот разузнавачки извор изразил сериозна загриженост и за поморските операции на Иран.
Според него, Техеран користи поморски мини, морски дронови и напади со традиционални рибарски бродови „доу“ против американските носачи на авиони во регионот.
Иран тврдеше дека го погодил американскиот носач на авиони USS Abraham Lincoln, но CENTCOM го негираше тоа.
„Линколн не беше погоден. Лансираните ракети дури не се ни приближија“, соопшти CENTCOM.
Западниот разузнавачки претставник изјавил дека и поддршката од Кина за Иран е „загрижувачка“, но не изнел дополнителни детали.
Прочитајте и…
Како иранските дронови ја пробиваат модерната противвоздушна одбрана на Блискиот Исток





