ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата ќе организира меѓународна конференција за трагедијата во Кочани, најави Марија Митева

March 11, 2026 13:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Владата ќе организира меѓународна конференција насловена „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“, која ќе се одржи на 14 март, најави портпаролката на Владата, Марија Митева.

Според неа, конференцијата ќе обедини претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери со цел да се направи сеопфатна анализа на одговорот на трагедијата.

„Целта не е само сеќавање. Целта е да покажеме одговорност и создавање систем кој ќе биде уште посилен, поорганизиран и подготвен да одговори на кризни ситуации“, изјави Митева.

На конференцијата се очекува учество на 37 лекари и медицински експерти од странство, кои директно учествувале во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани.

Според Владата, станува збор за доктори од клиники и здравствени центри од повеќе европски земји кои ги примиле повредените пациенти во најтешките денови по несреќата.

„Нивното присуство претставува можност искуствата од заедничката работа да се претворат во знаење, протоколи и системски решенија кои ќе придонесат за подобра подготвеност на здравствените системи“, истакна Митева.

Конференцијата ќе опфати повеќе тематски панели посветени на различни аспекти од кризата, меѓу кои европскиот механизам за цивилна заштита и меѓународниот одговор, координацијата меѓу институциите и здравствените системи, како и акутниот медицински третман на изгореници.

Ќе се дискутира и за долгорочниот процес на рехабилитација на пациентите, вклучувајќи физикална медицина, психолошка и психијатриска поддршка, како и подобрување на квалитетот на живот на преживеаните.

Настанот ќе започне со свечено институционално отворање, по што ќе следува комеморативен момент во знак на сеќавање на жртвите од трагедијата.

Митева нагласи дека Владата останува посветена на долгорочна поддршка за повредените и нивните семејства, како и на унапредување на здравствените и кризно-менаџерските механизми.

„Една година по трагедијата, Владата останува доследна на ветувањето дека поддршката за жртвите, повредените и нивните семејства нема да биде еднократна, туку континуирана и системска“, изјави Митева.

Tags: ВладаМитеватрагедија Кочани
Next Post

Цените на светските берзи паѓаат, само кај нас не, владата на Мицкоски профитира од народот, обвинува СДСМ

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk