ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Состојба со горивата е стабилна, нема причина за паника ниту за поскапување на струјата

Премиерот уверува дека Македонија има најевтини горива во регионот и дека Владата е подготвена да интервенира со нови мерки доколку пазарот повторно ескалира.

April 1, 2026 13:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска испрати смирувачки пораки до граѓаните во однос на енергетската криза и цените на дериватите. Тој истакна дека државата рефлектира стабилност во време на големи глобални превирања и дека во моментов не се предвидува воведување на кризна состојба ниту покачување на цената на електричната енергија.

Мицкоски потенцираше дека Македонија е единствената земја во поширокото опкружување која во изминатиот период забележа намалување на цените на бензините.

„Јас можам да кажам дека единствената земја во регионот којашто оваа недела не ги покачи, односно ги намали цените на горивата, е Македонија. Безоловниот 95 и 98 октански е намален за 2,5 денари, а дизелот не се покачи,“ изјави премиерот.

Тој направи споредба со цените во соседството и Европа, посочувајќи дека додека кај нас цените се движат до 1,39 евра за литар, во Грција, Албанија и Србија тие одамна надминуваат 1,80 или 2 евра. Во однос на продолжувањето на мерката за намалено ДДВ, Мицкоски е дециден:

„Апсолутно доколку видиме дека ќе имаме зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, тогаш апсолутно дека ќе ја продолжиме таа мерка, сѐ додека трае кризната состојба… И ако повторно ескалира, имаме уште алатки на располагање, тука се, се разбира акцизите.“

Во делот на електроенергетскиот систем, премиерот информираше дека државните капацитети работат стабилно, а хидропотенцијалот е на завидно ниво, што овозможува и извоз на вишоци енергија.

„Акумулациите се на некаде отприлика над 40%, што за овој период од годината е најмалку двојно повеќе од некои минати времиња… Деновиве во одредени моменти од денот, ЕСМ дури продава на берзи и заработува отприлика од 100 до 150 илјади евра на ден. Нема да има поскапување на цената на електричната енергија за граѓаните,“ потврди Мицкоски.

Иако признава дека глобалните фактори се непредвидливи, премиерот уверува дека Владата будно ја следи состојбата на светските берзи и дека е подготвена за вонредни седници доколку има нагли промени на цената на суровата нафта.

„Да не создаваме паника, состојбата е под контрола за разлика од некои минати времиња кога паниката беше и неспособноста и криминалот и корупцијата, второ име на некои претходни Влади… Ние како Влада ќе реагираме проактивно, а не реактивно,“ заклучи тој.

Според неговите најави, тековната недела се очекува со внимание поради благото намалување на цената на нафтата од типот „Брент“, по што во текот на викендот ќе се носат одлуки за евентуални нови интервенции.

Next Post

СДСМ: Владата на Мицкоски отвори врата за бизнис со фирма на Дака кој е на „црната листа“ на САД

Shortcut

Најново

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk