ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Уметниците на улица: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“ – Протест пред Уставниот суд на СКРМ

April 28, 2026 10:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: СКРМ

Фото: СКРМ

Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „Кога гасите уметници – го гасите светлото“, Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денеска во 13:00 часот организира голем протест пред Уставниот суд. Како што беше најавено пред неколку дена, културните работници излегуваат на улица за да го изразат својот револт против поведената постапка за оценување на уставноста на Колективниот договор за култура.

Од Синдикатот алармираат дека ова не е само битка за нивните плати и работни права, туку борба за достоинството на уметноста и слободата на изразување во Македонија.

Од СКРМ порачуваат дека замолчувањето на нивниот глас претставува директен удар врз правдата и иднината на целото општество. Тие сметаат дека секој обид за уривање на колективниот договор е чекор кон маргинализација на културата како фундаментален столб на државата.

„Не постои општество без култура и не постои иднина без уметност. Ако денес молчиме – утре ќе нема кој да зборува“, стои во прогласот на Синдикатот, кој повика на масовност и поддршка од сите граѓани кои веруваат во вредностите на слободната мисла.

Како одговор на зголемените тензии и загриженоста во културниот сектор, Уставниот суд денеска излезе со официјално појаснување. Од Судот нагласуваат дека во оваа фаза се проверува исклучиво усогласеноста на прописите со Уставот, а не се вреднува работата или значењето на уметниците.

Од таму потенцираат дека конечна одлука сè уште не е донесена и апелираат до јавноста објективно да ги следи информациите, нагласувајќи дека уставно-судската контрола се однесува на правниот акт, а не на вработените во културата. Сепак, уметниците остануваат на ставот дека каков било негативен исход од оваа постапка може да има долгорочни и штетни последици по нивниот социјален статус и професионален интегритет.

J. Ѓ.

 

Next Post

ЦИВИЛ: Профитот не вреди колку животот

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk