ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

До национал-шовинистите „статистичари“: дали се Албанците во Македонија под 20% или над 20%?

December 23, 2020 10:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Најточниот одговор на ова ќе го даде секако пописот за неколку месеци драги мои.

Сепак, и денес, не само од собраниската говорница, туку со децении, од разно разни политички радикали и дилајли во земјава, се шират ирационални и нелогични дезинформации – дека се увезуваат Косовари (во 90тите беа 150.000, сега се 70.000), дека Албанците се под 16%, дека на „вистински“ попис (читај: без Албанци блиску до попишувачкиот процес) ќе падне Рамковниот договор и „преголемите“ права што „им се дадени“ на Албанците во Македонија…

Овие овие тези на подрумската националистичка пропаганда заслужуваат еден логичен и аргументиран одговор. Да остане запишано, да не биде дека не било кажано.

Имено, на последниот „вистински“ попис во 1991 (кој го бојкотираа Албанците и во и вон институциите), процентот на Албанците во вкупното население изнесувал 21.73 %.

Значи, веќе пред 30 години, Албанците во Македонија, кога ги попишувал друг и не учествувале самите во процесот, биле над 20%!

Е сега, Младиќот би сакал да ги праша неинформираните националшовинисти, неколку логични прашања, адаптирани на „јазикот на народот“ кој најдобро го владеат, за да не се збунат при одговарање:

Албанците веќе биле над 20% на пописот во 1991, пред 30 години, кој го бојкотирале. Колку ли се сега?

Колку ли се Албанците во Македонија, ако на тоа им ги додадете „150.000 Косовари“ во 90тите, или 70.000 Косовари денес, да не испаднат мнозинство? Еве прашајте го левото Димче, кое денес зборува за „увоз“ на население. Утре ќе зборува за „извоз“. Увоз-извоз левичар, како Слобо или Ранковиќ.

Туку, нели овие Албанците „се котат ко зајци“?! Пa нели Киро и Љубчо во 90-тите плашеа народ дека ако продолжи вака со природниот прираст, во 2030-та Албанците ќе биле мнозинство?

Ако на бројкиве погоре го додадете и наталитетот, до каде ќе стигнеме, а? 2030 не е сега толку далеку, само 10 години? Само чудно сега, „Шиптарите се котат…“, ама бројот се намалува ?!

Последно но не и најневажно прашање: Зошто јавноста, статистичарите, интелектуалците, политичарите, медиумите и новинарите -дозволуваат вакви лаги и хушкање? Зошто дозволуваат да поминат како вистини вакви манипулации со кои се поттикнува национална нетрпеливост во земјата? Пак ли се спремни за ситен политички ќар да прават големи бељи, да нé втурнат во омраза и насилство?

Очигледно, какви и да бидат резултатите на пописот што го очекуваме толку години, лудилото нема да запре. Подгответе се лудаците да нé бројат и пребројуваат и по пописот. А сите ние, достоинствено да го трпиме лудилото.

#SledeTene
#Popis2021
#LevaRukaDesniDzep
#AluminiumOverMaximum

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Мексико најопасна земја за новинарите

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk