ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Медицинската сестра која се онесвести по вакцинирањето прoтив Ковид 19, не е почината!

December 23, 2020 23:19
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во вирален Фејсбук пост, споделен над 120 пати, лажно се тврди дека медицинската сестра од американската држава Тенеси, која што се онесвести по примањето на Фајзеровата вакцина против ковид 19, наводно починала. Меѓутоа, таа не само што не е почината, туку и онесвестувањето по примањето на вакцината не е поврзано со самата вакцинација, туку со медицинска состојба што таа ја имала подолго време и која често пати придонесувала да ја губи свеста, пренесува Вистиномер.

Станува збор за медицинската сестра Тифани Довер, која се онесвести на телевизиска прес конференција само 17 минути откако ја прими вакцината против ковид 19. Таа зборуваше зошто е важно здравствените работници да се вакцинираат. После неколку денови, таа изјави дека има синдром што предизвикува да се онесвестува кога и да почувствува болка, додавајќи дека не е скептична за вакцината и дека не е загрижена за нејзините несакани последици. Голем дел од медиумите и новинарите од светските новински куќи коментираа дека не е добра идејата изјави на телевизија да дава медицинска сестра за која е познато дека има склоност кон онесвестување откако ќе почувствува болка, затоа што тоа може да доведе до погрешен контекст, односно луѓето погрешно да заклучат дека онесвестувањето има некаква врска со вакцинацијата, што не е случај. Синдромот што го има Довер се вика Vasovagal Suncope, име кое е дадено за да се опише ненадејно онесвестување од тригери како болка, игли, дехидратација или глад.

Меѓутоа, во постот кој што го рецензираме и го оценуваме како невистинит, ниедна од овие информации кои подобро може да го објаснат контекстот, не се наведени! Само се наведува дека медицинската сестра изгубила свест во директниот телевизиски пренос по вакцинирањето со фајзеровата вакцина.

Освен тоа, Центарот за контрола и превенција на болести посочува дека добиле извештаи за луѓе кои се онесвестуваат после речиси секоја возможна вакцина.

Но, постот кој го рецензираме оди и чекор понатаму, лажно тврдејќи дека Довер починала. Медиумите веќе објавуваат дека ова не е вистина, повикувајќи се на твит од болницата во кој се информира јавноста дека таа е добра и жива.

Болницата (CHI Memorial Hospital) потврди дека Довер е добро и жива. Медицинската сестра Тифани Довер се заблагодарува за загриженоста за нејзиното здравје. Таа е дома и е добра. Таа бара приватност за себе и за нејзиното семејство, напиша болницата.

Покрај ова, на 21. декември на Твитер појави и краток видео клип во кој се гледа сестра Тифани окружена со своите колеги од болницата:

Оттука, ниту е вистина дека Довер се онесвестила поради фајзеровата вакцина, ниту е вистина дека починала по примањето на вакцината.

Next Post

Заев: Легализацијата на марихуаната има широк потенцијал, но ќе се слуша гласот на народот

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk