ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Улогата на невладините организации во борба против организираниот криминал

December 25, 2020 16:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

– Откaкао ние, како Управа за финансиска полиција, ја зголемивме транспарентноста, отчетноста, одговорноста и соработката со медиумите и невладините организации, се зголеми и довербата од страна на јавноста спрема управата за финансиската полиција, изјави директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, на денешната конференцијата под наслов „Улогата на невладините организации во борба против организираниот криминал“ во организација на Центар за истражувачко новинарство СКУП, со поддршка на Global Initiative Against Transnational Organized Crime.

Муареми нагласи дека медиумите, новинарите, како и невладините организации играат голема улога на чувар на јавноста и заштитник на човековите права, пред сѐ, имајќи предвид дека истите можат да бидат од огромна помош и значење во дознавањето на определени факти и околности кои се од инкриминирачка природа, без оглед дали се работи за финансиски криминал или други видови на кривични дела.

– За да ја остварат оваа задача, медиумите, новинарството и невладините организации откриваат злоупотреба на власта и моќта на поединци и институции и на тој начин придонесуваат за одговорно и отчетно владееење промовирајќи го јавниот интерес, изјави Муареми.

Нури Бајрами, од Државната комисија за спречување на корупција, исто така, нагласи дека ДКСК се насочила кон воспоставување на партнерски однос со невладиниот сектор, односно граѓанските организации, чии активности се наосчени кон препознавањеи обелоденување на корупцијата но и кон јакнење на јавната свест за важноста на борбата против корупцијата. Тој преку бројки ја претстави ажурноста на организациите кои што пријавуваат неправилности до Државната комисија за спречување на корупција.

– Од 8.2.2019 до 9.12.2020, доставени се вкупно 1688 пријави  од граѓани, здруженија, институции со сомневање за постоење корупција, злоупотреба и судир на интереси, 344 отворени предмети по иницијатива на ДКСК, 713 решени предмети и донесени одлуки од кои 374 решени предмети од областа на корупцијата, 156 од судир на интереси и 70 одлуки поврзани со непочитување на забрани во текот на изборниот  процес, 113 одлуки за предмети поврзани за проверка на имотната состојба. Постапено е и по 24 доставени пријави од укажувачи за сомневање за незаконски или недозволени поведенија во различни институции, образложи Бајрами.

Лилјана Живковиќ Давиткова, од Царина на Република Северна Македонија, на конференцијата, потсети дека организираниот криминал денеска е реалност и не постои држава во која што не се споменува или нема свој импакт врз општественото живеење.

– Соработката помеѓу институциите како царинска управа и други институции со медиумите и невладните организации кои што се занимаваат со истражување е многу важна. Не случајно медиумите се нарекуваат седма сила, затоа што создаваат и пренесуваат пораки и информации кои што се со определен културен и општествено политички контекст. Оттука тие се под влијание на општествените процеси но истовремени и ги обликуваат, од тој аспект тие се значаен фактор во формирање на јавното мислење, изјави Живковиќ Давиткова.

Таа нагласи дека колку поотворено и почесто зборуваме во јавноста за криминалот и последиците од криминалот, сите заедно ќе делуваме на општествената свест и свеста на поединецот, затоа што борбата против криминалот почнува од единката и понатаму кон пошироката јавност.

– Секој треба да се запраша за своето индивидуално однесување, затоа што сите сакаме да имаме држава во која функционира системот, функционира правната држава, заклучи Живковиќ Давиткова.

На конференцијата, претставник од Платформата за борба против корупцијата беше Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл – Македонија. Тасева го истакна проблемот со земање предвид, од страна на институциите, на сите анализи кои што невладините организации ги изготвуваат во рамките на своите проекти а се поврзани со организираниот криминал и корупцијата.

– Како да се оди понатаму, тие препораки не треба да останат само напишани на хартија, туку сите институции кои што имаат нешто  во врска со тие препораки треба да ги погледнат од аспект на своето работење, секој да тргне од себе, порача таа.

Дарко Аврамовски од Коалиција Сите за правично судење, од друга страна, изјави дека постои голема промена во односот од надлежните институции кон невладините организации, според него, направен е голем чекор нанапред во доживувањето на невладиниот сектор како партнер во работата на институциите и како субјект кој може да понуди одредена помош во неколку области на делување.

– Иако имаат различни пристапи, сепак се комплементарни и доколку тие бидат искористени од страна на самите институции и доколку институциите споделуваат информации поинтензивно, ваквата анализа ќе биде многу полесно да ги покаже вистинските потешкотии во однос на на борбата со организираниот криминал и корупција, вистинските тесни грла, а со тоа и ќе може да се постави соодветна дијагностика на вистинските причини кои се јавуваат зад конкретни проблеми во самата пракса и борбата со организираниот криминал и корупцијата.

 

/МИА/
Next Post

Коста Петров: Дигиталните номади ќе добијат дигитални визи

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk