Твитот на францускиот претседател Емануел Макрон во кое тој изразува сочувство до српскиот претседател Александар Вучиќ „и сите Срби“ по смртта на патријархот на Српската православна црква Иринеј поради КОВИД-19, предизвика бурни реакции на Интернет.
Позвао сам председника Александра Вучића да му изразим саучешће по сазнању тужне вести о одласку патријарха Иринеја. Француска се придружује свим Србима у жалости.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) November 20, 2020
Критичарите на Макрон бараат конзистентност од францускиот претседател, по отворено искажаните позиции против религиозниот екстремизам, за кој се знае дека ја поттикнува омразата и ако не се контролира, доведува до насилство, како што покажаа југословенските војни во 90-тите.
Реакции пристигнаа од сите земји на Западен Балкан, но и пошироко. Прогресивната јавност е непријатно изненадена од тоа како е можно некој што тврди дека ги брани секуларните, просветлени вредности во Европа (Макрон), да го инвестира институционалниот политички капитал на Франција во асоцијација со личност која, заедно со Српската православна црква, симболизира сè што е назадно, длабоко конзервативно и расистичко во врска со српското општество.
Д. Е.