ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кумановските археолози ги завршија годинешниве истражувања на Градиште во Бислим

December 28, 2020 12:23
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Завршија овогодишните истражувања на локалитетот Градиште во кумановско Бислим, соопштија денеска надлежните од Националната Установа Музеј Куманово. Откриени се ѕидови за кои се претпоставува дека се остатоци од ранохристијанска црква.

Раководителот на истражувањата, Дејан Ѓорѓиевски истална дека ископувањата биле насочени кон источната страна на локалитетот каде што постоеле две кули-правоаголна и пентагонална.

– Во нивна непосредна близина, внатре во населбата, преку ископувањата се откри градба со поставеност запад-исток, која покрај добро сочуваниот северен ѕид имала и стилобат (подлога за поставување на столбови) со остатоци од три рудиментирани столба. Подот на градбата бил квалитетно поплочен со тули, поставени на глинеста супструкција и хоросан малтер. Очигледно е дека станува збор за квалитетна градба која имала должина поголема од 20 метри, па со анализа на резултатите претпоставуваме дека се работи за ранохристијанска црква. Ова е веќе трета ранохристијанска црква која е проучувана од археолошкото одделение на музејот, преку која се надеваме да добиеме значајни информации за ширењето на христијанството во регионот во периодот на доцната антика, изјави Ѓорѓиевски.

Градиште претставува најсочувана тврдина во околината на Куманово, со ѕидини високи преку два метри, а потекнува од доцноримскиот-рановизантиски период (4-6 век). Се наоѓа во живописната клисура на Пчиња во Бислим, од сите страни опкружен со стрмни карпи и ридови, до која се пешачи по козји патеки околу 40 минути од селото Пчиња. Поради ваквата изолираност, утврдувањето е мошне добро сочувано, со антички градби кои сè уште се видливи на теренот.

Инаку, Бислимската Клисура претпоставувала алтернативен пат од северот кон Вардарскиот пат, па затоа била многу важна за контрола, што резултирало со укрепување на неколку позиции и создавање на населбински центри од страна на римските војски.

Иако, средствата предвидени за проектот во рамките на годишната програма на музејот биле само педесет проценти финансирани, екипата успеала да ги изведе предвидените активности, додава Ѓорѓиевски, појаснувајќи дека тоа подразбирало подготовки на теренот за ископување, отстранување на густата вегетација, како и изведување на геофизички истражувања од страна на Археолошкиот музеј, со цел да се добие попрецизна слика за точните точки за ископување.

 

/МИА/
Next Post

„Брисел Тајмс“: Бугарското вето за преговорите со С Македонија ја покажува опасноста од политичкото мешање во историјата

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk