ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Нови потреси после разорниот земјотрес во Хрватска, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат, Попис ќе има напролет, можност за вакцини пред март

December 30, 2020 12:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватска вчера беше погодена од силен земјотрес. Во 12 часот и 19 минути, сеизмолозите забележале разорен земјотрес со епицентар на пет километри југозападно од Петриња на длабочина од 11,5 километри. Јачината на земјотресот била 6,2 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот бил VIII-IX степени од скалата ЕМС. Пронајдени се 7 жртви, тоа е бројка што е потврдена и не е исклучено подоцна да бидат откриени повеќе жртви. Од полноќ имало 40 земјотреси во областа Петриња над 2 и 10 над 3 степени по Рихтер, а од 6,15 два до три посилни. Меѓу загинатите е и 12-годишно девојче во Петриња, 20-годишно момче од една куќа, дедо од друга, како и татко и син од иста куќа во Мајске Полјане кај Глина.

Бројот на заболени од новиот коронавирус во светот денеска ја надмина бројката од 82 милиони луѓе. Излекувани се над 58 милиони луѓе или 97 отсто од заболените, а од последици на вирусот починале 1,787 милиони луѓе односно три проценти, додека активни случаи се повеќе од 22 милиони, односно 99,5 отсто.

Владата на денешната седница донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Судии, градоначалници, функционери, но не и обвинители, во првите три квартали во 2021 година ќе треба да го образложат својот имот. Претседателката на Државната комисијата за спречување на корупцијата Билјана Ивановска вели дека со оваа проверка ќе бидат опфатени сите судии, градоначалници и функционери за кои граѓаните имаат поднесено претставка, по што ќе се направи селекција и ќе бидат објавени.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, денеска на заедничка прес-конференција во Клубот на пратеници ќе ја презентираат усвоената методологија за проверка на работата на правосудството. Беа потврдени и двете веќе усвоени методологии, од кои едната за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиско работење, а другата за квалитативно оценување на претседателите на судовите. Советот ги одобри и идните активности за оценување на работата на јавните обвинители, преку утврдените критериуми содржани во Правилникот за оценување на работата на јавните обвинители, донесен од Јавниот обвинител на Северна Македонија.

Попис ќе има во април догодина зашто е неопходен за развојот на државата, велат од владејачкото мнозинство, опозицијата, пак, изразува сомнежи во предложениот закон за попис, интервенира со амандмани и смета дека е подобро да се пролонгира за еден месец за тој да биде кредибилен.  ВМРО-ДПМНЕ инсистира на читачи на отисоци на прсти, а Алијанса на Албанците и Алтернатива бараат пролонгирање и формирање посебно тело што би го споровело пописот. Двете партии поднесоа четириесеттина амандмани на законот, што беа разгледувани на вчерашната седница на Комисијата за европски прашања.

Неконструктивната опозиција и сега е против одржување на попис. Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски нема што друго да понуди, па само прави блокади. СДСМ и парламентарното мнозинство се посветени на носење на Законот за попис со кој во 2021 година ќе се одржи попис кој е неопходен за развојот на државата.

Комплексни броеви, квадратни равенки, адициони формули, тригонометриски функции… се некои од модулите што се учат во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) – новото државно средно училиште кое по неколку години планирање почна да работи во оваа учебна година. Целта на училиштето е да прерасне во центар кој ќе ги обедини сите талентирани математичари, информатичари и физичари од државата, како респектабилна и привлечна институција за едукација на идни врвни математичари, информатичари, кои достојно ќе ја презентираат Република Северна Македонија во светот.

Независната угостителска комора ги поздравува најавите од Владата за петти сет антикризни мерки и очекува покана за средба со цел да даде придонес кон креирањето на мерки кои ќе бидат насочени кон реалните потреби на угостителите.

Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја дочека новата година во домашни услови во кругот на семејството. Сакам да бидам пример за сите граѓани. Сега треба сите да ги почитуваме мерките и препораките и да сме свесни дека тоа е еден од механизмите со кои нема да дозволиме ситуацијата да се влоши сега кога навистина се изборивме и имаме видливи резултати, рече Филипче.

Донација во висина од 16 илјади евра од Германија денеска е предадена во поликлиниката во Шуто Оризари. Набавена е опрема и медицински материјали, а дел од донацијата се и личната заштитна опрема и кислородните маски. Во оваа поликлиника имаат пристап граѓани од многу ранливи категории. Во изминатиот период интензивно работевме и после подолг временски период, ја решивме и кризата со наоѓање на гинеколог. Во овој момент трае постапката за набавка на опрема со која што ќе биде опремена оваа ординација така што конечно ќе има на располагаме гинеколог во оваа поликлиника, изјави Филипче на примопредавањето на донацијата.

Нема цена што Владата нема да може да ја плати за вакцината против Ковид-19, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче кој верува дека има можност и пред март одредена количина на вакцини да пристигне во земјава.

Државата треба да се стреми кон систем кој ќе гарантира сигурност и стабилност на работните места и на економијата воопшто, како и кон институционално посветено делување кон секој кој регистрирано работи на националниот пазар, со цел да му се овозможат фер услови диктирани од самиот пазар, кој, пак, треба да е ослободен од влијанија и да е базиран на принципите на слободна конкурентност и еднаков третман. Важно е, да се инсистира на овозможување на подобро деловно опкружување, каде секој ќе има еднаква шанса за успех и напредок, посочи претседателката на ССК Данела Арсовска.

Секогаш кога сакаме да се утешиме, велиме „можеше и полошо“. Сите подеднакво ги стигнуваат животните трагедии. И сите имаат подеднаква можност за избор, да бидат подобри луѓе или да им се оддадат на себичноста и злото. На сите им е достапен изборот меѓу мудроста и фактите или глупоста и лагата, човекољубието и мирот или омразата и насилството. Човечноста или нечовечноста.

М.М.

 

 

Next Post

Спасовски на традиционалното академско кафе со студентите и професорите од Факултетот за безбедност – Скопје

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk