ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џукеска за заклучоците од ННС: Некои факултети наместо генератори на знаење се расадници на предрасуди и митолошко мислење

December 30, 2020 14:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не стивнуваат реакциите од научно-наставната фела после заклучоците донесени од Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје, а во врска со Нацрт верзија на Концепцијата за основно образование, претставена од Министерството за образование.

Елена Џукеска од Институтот за класични студии на Филозовскиот факултет, не се согласува со донесените заклучоци и затоа гласала против.

Таа во објава на Фејсбук, коментира за небулозите од заклучоците изнесени од Советот во кои се истакнува дека Имплементацијата на новата концепција за реформи во основното образование ќе донесе сериозни проблеми.

– Да. Навистина е така, вели Елена Џукеска.

„Некои кралеви и кралици ќе останат без круни. Некои хоштаплери и образовни профитери ќе останат без своите редовни приходи. Ќе стане јасно дека некои факултети наместо да бидат генератори на знаење се расадници на предрасуди и митолошко мислење типично за човечкиот род додека живеел во пештери. Ќе стане јасно дека реформата за основно мора да почне од високото.“, коментира Џукеска

Таа потенцира дека освен со заклучоците, не се согласува и со начинот на кој тие биле донесени и формулирани.

„Не се согласувам со заклучоците на Филозофскиот факултет, а уште помалку со начинот на кој беа донесени, формулирани по завршување на седницата на Наставно-научниот совет (ННС), бесцелно доставени на увид на институтите (откако завршило гласањето на ННС) и разгледувани на седница на деканатската управа (како да може деканатската управа да расправа post festum за нешто што веќе е усвоено на ННС) и затоа гласав против.“

Наставно-научниот совет на Филозофскиот факултет во Скопје, на својата VI вонредна седница смета дека Нацрт верзија на Концепцијата за основно образование, претставена од Министерството за образование има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на воспитно-образовната и општествената реалност во државата, со што имплементацијата на Концепцијата може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието.

Ј. Ѓ.

Next Post

Заев: Државата е финансиски ликвидна, наплатата на основните даноци е поголема

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk