ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зголемен бројот на угостители кои не ги почитуваат протоколите за работа, засилени контроли за празниците

December 30, 2020 15:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на угостителски објекти кои не ги почитувале протоколите за работа во изминатиата недела се зголемил за 50 проценти во однос на неделата пред тоа. Од инспекторатите најавуваат за новогодишните празници засилени контроли и неселективно постапување.

-На ден сме пред новогодишната ноќ и ја користам приликата да апелирам граѓаните да ги  почитуваат мерките, да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржиме од големи прослави и да нема гурпирање. Надлежните инспекциски служби во текот на новогодишните празници  ќе спроведуваат интензивни контроли на терен со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните, рече на прес-конференција денеска претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашковска.

Таа соопшти дека во перидот од 21 до 27 декември бројот на затворени угостителски објекти е зголемен во споредба со периодот од 14 до 20 декемри за 50 проценти.

-Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат од 21 до 27 декември спроведоа 3864 контроли и 462 надзори поврзани со почитување на протоколите за работа на кафетерии и угостителиски објект, но и по други материјални закони. При спроведените надзори изречени се 32 прекршочни пријави, 62 решенија за констатираните неправилности и 43 прекршочни платни налози, Од вкупниот број решенија 13 се поради непочитување на Законот за заштита на население и протокол за работа на угостителски објекти и тоа за седум во Скопје и по два угостителски објекта во Гостивар, Тетово и Струга, рече Филиповска-Грашковска.

Како што додаде, во сите овие угостителски објекти не се почитувало работното време или ограничувањето на четири лица на едно масса, на сите е изречена забрана за вршење дејност и затворени се на лице место, а се изрекуваат и прекршочни платни налози.

Потенцира дека инспекторите ќе спроведуваат контроли и во текот на новогодишната ноќ со цел да се спречи ширењето на вирусот. Инспекторите ќе постапуваат по пријава или добиено сознание за собири и доколку се утврди дека има организиран настан ќе се преземат соодветни мерки.

Се заблагодари на оние кои ги почитуваат протоколите и  мерките за заштита, но се уште, како што рече, за жал има кои ова ситуација не ја сфажаа состојбата сериозно и преку себични постапки го загрозуваат јавното здравје и извести дека инспекторите ќе проодолжат со чести контроли и неселективно ќе ги санкционираат оние кои не ги почтуваат. Истовремено ги замоли совесните граѓаи да ги пријават оние кои не почитуваат.

Во периодот од 21 до 27 декември сите инспекторати извршиле 5200 надзори и контроли. Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил 112 надзори и изречени се осум решенија, а издал и решенија за изолација 6576 што се за една четвртина помалку од претходната недела. Кај транспортниот иснпекторат не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз, МАЛМЕД изврпиле 21 надзор на аптеки и веледрогери и издадени се две решенија согласно законот за лекови и медицински помагала, Инспекторатот за труд изрекол 9 репениај и 11 прекршочни платни налози, девет пркроочни плати назлои за неносење заштитна маска на работно место, Агецијата за храна и ветеринарство имаше 290 надзори и издадени се 8 решенија, 10 едукации и 2 прекршочни платни  а Државниот инспекторат за животна средина спроведе 41 надзор и за констарираните неправилности донесени се три решенија со задолжување на подобрување на работата на субјетките.

 

/МИА/
Next Post

НБ: Банкарскиот систем ја задржа стабилноста и отпорноста на шокови

НАЈНОВО

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk