ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иран ќе им исплати отштета на семејствата на загинатите при соборувањето на украинскиот авион

December 30, 2020 20:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter
Иранската Влада одобри фонд за исплата на отштета на семејствата на загинатите при соборувањето на украинскиот патнички авион од страна на иранските сили над Техеран во јануари годинава, соопшти денеска кабинетот на претседателот Хасан Рохани.
Иран ќе им плати по 150.000 долари на семејствата на 176 загинати лица, објави државната телевизија, без да потврди рок за исплата.
Информацијата за исплата на отштета доаѓа во момент кога семејствата на загинатите се подготвуваат да ја одбележат годишнината од несреќата, која се случи на 8 јануари, а дипломати од земјите чии граѓани настрадаа, му вршат притисок на Иран за поголема соработка во истрагата и компензацијата.
Иран неколку денови по несреќата демантираше дека неговата војска е одговорна за соборувањето на авионот, но по низа докази кои ги открија западните земји повикувајќи се на разузнавачки извори, како и со меѓународен притисок, Техеран призна дека неговите безбедносни сили по грешка го погодиле украинскиот авион во момент на зголемена тензија со САД. Иранската војска изврши напад врз американски бази како одговор на убиството на генералот Касем Сулејмани на 3 јануари на аеродромот во Багдад.
Здружението на семејствата на жртвите минатата недела објави соопштение во кое ја критикуваат иранската понуда за отштета и побараа независна и транспарентна истрага за несреќата.
– Семејствата се будни и нема да потпишат ниту еден документ, се наведува во соопштението, додавајќи дека „убиецот не може да игра улога на ожалостен“./МИА/
Next Post

Вечерен преглед: ЕУ знамето, но и овие блокади овде не нѐ прават Европејци, И Спутник ќе патува преку Ковакс, 493 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk