Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје вечерва на подрачјето на скопски Бит пазар на улица „192“ запленија над 30.000 парчиња пиротехнички средства.Во врска со случајот приведени се две лица, информираат од МВР. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања информира дека пред неколку месеци добил понуда од рускиот амбасадор во нашата земја Сергеј Баздникин за руската вакцина „Спутник 5“, но таа тогаш била во третата фаза од клиничките испитувања, а процесот, кој гарантира нејзина безбедност, не бил целосно завршен.
Имаме блокирани закони, нагласи тој, и тие закони веројатно ќе останат долго време блокирани, бидејќи тоа е демократско право на опозицијата. -Немаме таму право да ставаме европско знаме и тие остануваат така. Ама, таму каде што имаме право да ставиме европско знаме, таму ставаме. Пописот е согласно Евростат, во пописот има директиви на ЕУ и е согласно ЕУ правилата за ставање на европското знаме, рече Заев.
Срамота е што си дозволувате воопшто вакво прашање, секако дека негирам било каква инсинуација која што сакавте да ја постигнете. Вие го поминавте г.Мицкоски по рејтинг ама изгледа и мене сакате да ме поминете, само кротко, полека. Вака не се бидува лидер г.Апасиев, ако имате доказ директно во јавност земете и извадете, не можете да кажете дали е вистина или шпекулација и ќе земете ќе обвините плус ќе излажете а, притоа ќе избегнете одговорност.” – му се обрати премиерот Заев на претседателот на Левица, Димитар Апасиев на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-210, Куманово-28, Штип-14, Прилеп-14, Тетово-7, Струга-6, Велес-34, Битола-15, Охрид-24, Кавадарци-32, Гостивар-10, Гевгелија-17, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Демир Хисар-1, Пехчево-5, Берово-6, Валандово-5, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-8.