ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ја испраќаме старата 2020 и ја пречекуваме новата 2021 година

December 31, 2020 10:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Стотици милиони луѓе во светот вечер во семејна атмосфера, во домовите ќе ја испратат 2020 и ќе ја пречекаат Новата 2021 година. Годинава кај нас и во целиот свет поради состојбата со КОВИД-19 ќе изостанат прославите на плоштадите, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови…

Многу земји преземаа мерки на претпазливост, воведоа рестриктивни мерки и забрани. Надлежните во земјава апелираа граѓаните да бидат совесни, да не се групираат за претстојните празници, да ги почитуваат мерките и препораките. Да мислат на сопственото здравје и на здравјето на своите најблиски.

Поради пандемијата од коронавирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ беше симболично, а на настанот присуствуваше градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. Со тоа се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје.

Градоначалникот Шилегов на сите свои сограѓани им упати честитка за Новата 2021 година и им посака среќа, благосостојба, здравје за нив и за нивните најмили и им порача да ја пречекаат во кругот на нивните најблиски.  Упати и апел до своите сограѓани да останат дома со семејствата, да ја  почувствувааат уште еднаш убавината на домот и да го направат тоа за нив и за нивните  најсакани.

– Да ја пребродиме заедно уште оваа криза за да можеме заеднички да прославуваме и пречекуваме  уште многу нови години полни со радост и среќа, порача Шилегов во честитката.

Под слоганот „Чао 2020“, ќе има специјална новогодишната програма со концерти, диџеи, готвење, смеење, поезија и со по некој поздрав и честитка од публиката на МКЦ. Програмата ќе се емитува на 31 декември 2020 со почеток во 20 часот на фејсбук-страната на МКЦ, на нивниот јутјуб-канал и премиерно на локалната скопска телевизија Едо.

Во рамки на шестчасовната програма од студиото на МКЦ ќе настапат: Funk Shui, Стојче со диџеј сет од Берлин, диџеј Фиц со специјален микс топла музика од Порто, Александар Велики, Дина Јашари, Васко Атанасоски, Суперхикс, Rush To Relax или Дамјан Маневски од Љубљана, Atheist Rap со специјален биенален настап за МКЦ од Нови Сад… Покрај музичките настапи, со специјален готвачки сет ќе настапи и Никола Исаиловски.

 

/МИА/
Next Post

На Маврово може ќе нема снег за дочекот на Новата година, но гости секако ќе има.

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk