ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Вакцините единствена надеж за враќање во нормала, први количини во земјава можно и пред февруари

January 5, 2021 08:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Скоро 6.000 дози од вакцината анти Ковид-19, од фармацевскиот производител Фајзер, се очекува да пристигна во Северна Македонија, во февруари. Вкупниот број на вакцини против коронавирусит, како што најавија од Министерството за здравство, за 2021 година ќе биде 800.000 дози.

– Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, најавија од Министерството за здравство. Паралелно со процедурата за набавка на вакцините анти Ковид-19, од ова Министерство истакнаа дека месецов се очекува да пристигнат и фрижидери на -70 степени Целзиусови, каде ќе бидат складирани вакцините.

Министерот за здравство, Венко Филипче по однос на ова прашање вчера додаде дека освен пакетот вакцини кои ќе стигнат преку Ковакс-механизмот, се очекуваат вакцините и од Бугарија, Полска, Грција и Австрија, кои најавија дека ќе одвојат дел од вакцните за нејзините граѓани, преку третиот – солидарен механизам на земјите од ЕУ кои отстапуваат вакцини за земјите кои се надвор од Унијата.

Според најавите на премиерот, можно е земјава да добие вакцини и пред февруари. -Сите варијатни се отворени. Има најави и за вакцини од Кина во јануари, но тоа засега не е потврдено. Допрва се очекува да се видат условите, рече премиерот во гостување на дневникот на ТВ Сител.

-Имаме најави и со Кина за околу 200.000 вакцини за овој месец, но ќе видиме кои се условите. Кина има пет вакцини кои ги поминале фазите и тие веќе се дистрибуираат надвор од Кина и две во фаза на тестирање. Чекаме и од ЕУ од Ковакс механизмот, од кои 100 милиони вакцини се за Западен Балкан, истакна премиерот.

Вакцината први ќе ја примат здравствените работници, повозрасните лица и хроничните болни, а потоа сите граѓани. Вакцината за сите ќе биде бесплатна.

Министерот Филипче со цел да се надминат сомнежите и да се стави крај на шпекулациите за вакцините,  најави сериозна кампања преку националните медиуми за да подигање на јавната свест.

-За да се надминат сомнежите кон вакцините, рече, се планира сериозна кампања преку националните медиуми и со нивна поддршка верува дека ќе се подигне јавната свест, а дека и СЗО размислува за некој вид сертификат за примена вакцина.

Според министерот, ситуацијата со заразата во земјава се подобрува, но се уште е рано да се каже дека дефинитивно епидемијата спласнува. Трендот на помалку заразени според него се должи на почитување на мерките за што придонеле самите граѓани – затворените угостителски објекти, носењето заштитни маски и избеганатите големи собири.

Последните податоци во однос на состојбата со бројките со Ковид-19 во државата покажа дека бројката на оздравени пациенти од коронавирусот е далеку поголем од бројот на ново заразени. Од вкупно 761 тестирања, вчера се регистрирани 106 нови случаи позитивни на корона вирусот. Од друга страна во Институтот за јавно здравје се регистрира 603 оздравени пациенти од кој најголемиот број во Скопје – 230, потоа следат Охрид со 54 оздравени, Прилеп 51, Струга 30, Куманово 24. Но, билансот на починати лица од Ковид-19 и понатаму е висок, односно вчера како што соопштија од Министерството за здравство се регистрирани нови 20 починати лица од Ковид-19, и тоа четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.

Заклучно со 4 јануари во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 536 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

ред најавите на директорот на Агенцијата за лекови и медицинси средства, Лирим Шабани,  до крајот на оваа или на почетокот на другата недела се очекува дека во државава ќе стигне лекот Ивермектин, кој ќе се користи во лекувањето на заболените од Ковид-19.

Тој посочи дека ги одобриле сите барања кои ги имале од болниците и веледрогериите кои ги исполниле услови.

– Дадовме одобрение за увоз и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот. Ни најавија дека има полициски час во неколку држави и дека тешко ќе биде за неколку дена да стигне лекот. Најверојатно ќе стигне или крајот на оваа недела или на почетокот на другата недела, односно после Божик кога ќе бидат слободни патиштата за транспорт. Ние ги завршивме сите административни проедури и сега прашањето е техничко кога ќе можат тие физички да го донесат, имајќи предвид дека има лок даун во неколку држави заради празниците. Како и да е за скоро ќе биде. Верувам дека за недела дена или за десет дена ќе го донесат, рече за МИА Шабани.

Заклучно со 4 јануари во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 536 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот./МИА/.

Next Post

Се гради стратегија за продолжување на разговорите со Бугарија, големи очекувањата од португалското претседателство

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk