ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОТ: Работниците кои работат од дома треба подобро да се заштитат

January 14, 2021 11:27
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребна е поголема заштита за работниците кои работат од дома, а чиј број значително се зголеми по ширењето на пандемијата предизвикана од Ковид -19, оценува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во најновиот извештај.

Според МОТ, драстичниот пораст на работењето од дома ги истакнал лошите работни услови со кои се соочуваат работниците кои работат од дома. Всушност, работата од дома најчесто е „невидлива“ и овие работници  се соочуваат со поголеми безбедносни и здравствени ризици. Имаат помали можности за пристап до обуки што влијае на нивниот кариерен напредок, немаат исто ниво на социјална заштита како другите вработени и има помала веројатност да се дел од синдикат или да се опфатени со колективен договор. 

– Работата од дома се одвива во приватноста на домот и затоа честопати е „невидлива“. На пример, во земји со низок и среден приход, речиси сите работници што работат од дома (90 проценти) работат неформално. Работниците кои работат од дома вообичаено се соочуваат со полоши услови од оние кои работат надвор од домот, дури и во професии со високи квалификации. Работниците кои работат од дома во просек заработуваат 13 проценти помалку во Обединетото Кралство, 22 проценти помалку во Соединетите Американски Држави, 25 проценти помалку во Јужна Африка и околу 50 проценти помалку во Аргентина, Индија и Мексико, посочува МОТ.

Според процената на МОТ, пред кризата предизвикана од КОВИД-19, во светот имало околу 260 милиони работници кои работеле од дома, што претставува 7,9 проценти од глобалната вработеност, а 56 процентни од нив или 147 милиони биле жени.

Проценките се дека од првите месеци на пандемијата, еден на секој петти работник работел од дома, а се очекува и во следните години да продолжи зголемувањето на бројот на работници кои ќе работат од дома.

– Работењето од дома честопати не е доволно регулирано, а усогласеноста со постоечките закони и понатаму претставува предизвик. Во голем број случаи, работниците од дома се класифицираат како независни изведувачи и следствено се исклучени од опфатот на трудовото законодавство, се вели во извештајот.

Само 10 земји-членки на МОТ ја имаат ратификувано Конвенцијата 177, која промовира еднаков третман на работниците од дома и другите приматели на плата, а само неколку земји имаат сеопфатна политика за работење од дома.

Извештајот содржи и конкретни препораки со кои се дава поголема видливост на работата од дома, а со тоа и подобра заштита на овие работници. Една од препораките е владите во соработка со работодавачите и работниците заеднички да работат за да може работниците кои работат од дома да преминат од невидливиот сектор кон достоинствена работа./MИА/

Next Post

Пожар во бегалски камп остави 3.000 муслимани Рохинџа без засолниште во Бангладеш

НАЈНОВО

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk