МНР за посетата на Османи на Атина: Реафирмиран процесот на градење доверба меѓу двете земји како пример за добрососедски односи во регионот. Во регионот добивме нова реалност, докажавме дека сите предизвици можат ефикасно да се решат преку заеднички и координирани напори. Оттука, јас цврсто верувам дека соработката меѓу Северна Македонија и Грција е дефинитивно нова интегративна моќ за целиот регион, истакна Османи.
Дендиас: Има напредок, а новото име треба да го користат сите, дури и порталите. Она што е кристално јасно во Преспанскиот договор е јасноста за она што се случи во античкиот период, а едно е јасно – со сета почит, вашите сонародници, а вие тоа го прифативте, не биле дел од кампањите на Александар“, рече Дендиас на заедничката прес-конференција.
Филипче: Сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни. Целиот овој изминат период интензивно комуницираме со компанијата „Фајзер“ поради тоа што во овој момент таа е единствената компанија што ги има добиено потребните дозволи за итна употреба на нејзината вакцина, рече Филипче.
Игумен Партениј: Да не се прави „теологија“ од вакцинирањето, ова прашање не е во надлежност на црквата, туку на медицината. Вели за Црквата најважна е соборноста и соборните, синодски одлуки и ставови, а не индивидуалните мислења на одделни архијереи, свештеници и духовници, коишто може да се беспрекорни во својата духовничка дејност, но не и експерти по медицина.