ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Зошто Апасиев сака нечии деца да плукаат крв и зошто уште не е приведен?

January 16, 2021 17:28
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Малку му се постовите на социјалните мрежи со постојаното ширење омраза, албанофобија, ксенофобија, страв… сега пратеникот на Левица, Димитар Апасиев почна да објавува и смртни закани за децата на владините функционери. Хаштагот на страницата Трета опција, која е дел од пропагандата на Левица, со содржина „Децата крв ќе ви плукаат“, ладнокрвно беше споделен и од Апасиев. Инаку, трета опција го напишале хаштагот кога споделиле пост за шалот на министерката Мила Царовска.

Да реагираш дека некој владин функционер има скапо парче облека е во ред, ако тоа е аргументирано, но да го користиш шалот на министерката Царовска за да пренесуваш смртни закани кон деца, тоа е надвор од секоја разумна логика, од секое нормално политичко делување…

Но, јавноста е научена дека Апасиев одамна не знае за нормално политичко однесување, уште помалку за аргументирана критика кон политичките противници. Навредите, клеветите и заканите се неговиот препознатлив стил со кој билда рејтинг.

Соочен со фактите за успешноста на владините политики, тој како да не знае да се спротивстави со факти, со аргументи изнесени од професор, од пратеник… тој едноставно избира злобен, простачки и циничен јазик за комуникација со своите гласачи, без при тоа да внимава кому и како се заканува.

Да се разбереме, да беше Апасиев пратеник во цивилизирана и нормална држава и да им се обратеше на министрите со зборовите „Децата крв ќе ви плукаат“ одамна ќе беше, прво избришан од политичката сцена, а потоа и санкциониран од судскиот систем. Дали тоа може да му се случи на Апасиев во оваа држава?

Ако судиме според молкот на Јавното обвинителство за сега тоа нема шанси да се случи. Обвинителите ги премолчаа сите негови постови на социјалните мрежи кои одамна се зрели за кривично гонење, дали и овој пат ќе остане така? До сега ги толерираа неговите зборови полни со омраза, но овој пат тој потхранува напади и насилство врз малолетни деца.

Обвинителството не смее да заборави дека Апасиев е пратеник, изгласан од граѓани кои ги преставува во парламентот, па логично е овој пат да не ги премолчи заканите кон функционерите и нивните деца. Без разлика што после неколку часа Апасиев, од само нему познати причини, го избришал постот, делото е веќе сторено- јавна закана по животот на децата на владини преставници, пред се кон малолетното дете на Царовска.

За да биде заканата што помасовно раширена Левица ги користела и другите страници кои се дел од нејзината пропаганда, како Ленка, Бојкотирам… но, и профили на нејзини членови. Дали Апасиев го избришал постот за да не се соочи со судски процес?

Но, за тоа е доцна, постојат принт скринови од сите шерови на кои јасно се гледа дека некој како навистина да сака нечии деца да плукаат крв. Зошто? Апасиев знае најдобро. Редно е да дознае и обвинителството.

Д.Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk