„ФИТР Интервју“ е нов концепт на #ФИТР со кој ги промовираат докажаните претприемачи, а ги охрабруваат и сите оние кои размислуваат да почнат сопствен стартап бизнис.
Теодора Филовска е основач и директорка на агенцијата Vrootok, која им помага на клиентите преку користењето на најновите трендови во маркетингот, продажбата и рекламирањето да го постигнат својот целосен потенцијал во современото технолошко општество.
Во ФИТРИ-нтервју таа вели дека верува оти среќата ги следи храбрите и дека човек не треба да се плаши да „скокне“. Верува дека луѓето кои се паметни и трудољубиви реално немаат што да изгубат. А, такви млади има многу во нашата држава – истакнува Теодора.
Проследете инспиративни разговори, споделување на искуства и научени лекции од успешни претприемачи… велат од ФИТР