Оваа изјава треба да се процесира врз основа на член 394-г од Кривичниот законик: “Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ затоа што промовира и поттикнува омраза и насилство врз основа на верско уверување и етничка припадност, пишува проф. Мирјана Најчевска на нејзиниот Фејсбук профил.
Станува збор за следнава објава на пратеникот Димитар Апасиев:
„Во исто време ги девалвира и мерките на државата за спречување на ширење на Ковид19 и ги поттикнува граѓаните кон непочитување на вие мерки и спротиставување на државните органи во нивното спроведување.
Со оглед на тоа дека изјавата не е дадена во рамките на Собранието, не е потребно барање за одземање на пратеничкиот имунитет за спроведување на потребните активности“, пишува проф. Најчевска.
Извор: Фејсбук