„Ние прв пат одиме на напосредни избори во СДСМ, тоа е незамисливо за другите партии. СДСМ на 21 март ќе има непосредно гласање внатре во партијата и секој може да биде кандидат ако ги исполнува условите и голем процент можат да се кандидати. Ова е врв на демократијата.“– порача Заев.
„Нема правда, ако не ја зборувате вистината од почеток до крај“, рече премиерот Заев одговарајќи на прашањето дали со своето сведочење ги амнестирал учесниците во упадот во Собранието во 2017 година, освен поранешниот премиер Никола Груевски, и подвлече дека за него е најважно да го раскаже она што навистина се случувало и предочи дека постојат факти за целата организација на овој настан и дека за тоа поголем дел од организаторите се веќе осудени и ја одлежуваат затворската казна.
Светската здравствена организација следната недела ќе почне да ја разгледува можноста за одобрување за итна употреба на две кинески вакцини против коронавирусот, изјави помошничката на генералниот директор на СЗО, Маријанџела Симао.
Лажните вести се штетни за нашата заедница, го прават светот помалку вистински информиран и ја уништуваaт довербата, всушност го прават нашиот свет хаотичен – и веќе вистината нема вредност. Дури се почесто во нашата инфодемија се поставува прашањето ШТО Е ТОА ВИСТИНА. Тоа не е нов феномен, постои уште во минатото и служи за исполнување на некоја цел било да е политичка или социјална но едно е факт дека сите ние – технолошки компании, медиумски компании, редакции, наставници, уметници, актери, режисери сите – имаме одговорност да го дадеме својот дел во решавањето на овој феномен.
„Да не банализираме се во државата. Не мора и од пописот, тоа е статистичка операција, да покажеме дека сме народ што заслужува да има држава.“- додаде Заев во интервјуто.
“Ние сакаме европски квалитет на живот, каков што е во Германија, Франција… Не е членството во ЕУ заради членство, туку заради слободата, демократијата, правото, квалитети и критериуми кои значат пазарна економија, образование како во современиот свет. Тоа е нашиот сон, тоа не се компензира со ништо, оти ние и вака сме присутни на европскиот пазар. Членството ни е стратешка цел со причина.“- изјави премиерот, Зоран Заев, во емисијата Трилинг, на ТВ 24, одговарајќи зошто Северна Македонија не избрала друга можност додека чека преовори со ЕУ, истакнувајќи дека за нашата земја нема друга алтернатива.
Поранешната лидерка на норвешката либерална партија, Трине Скеи Гранде смета дека проверката на фактите стана толку важна што ја заслужува Нобеловата награда за мир, известува порталот за критичко мислење и медиумска писменост КриТинк.
Бил Гејтс ја прими првата доза од вакцината против Ковид 19. Тој на својот Твитер профил сподели фотографија