ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Болницата, Здравствениот дом и Итната медицинска помош од Прилеп се интегрираат во една установа

January 23, 2021 16:02
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со одлука на Владата, и официјално почна реорганизацијата на јавните здравствени институции во Прилеп.

Според Драган Богојески досегашниот директор на прилепската градска болница „Борка Талески“, сега назначен за вршител на должноста, директор на Општа болница со проширена дејност, во една установа ќе се спојат: Болницата, Здравствениот дом и Итната медицинска помош. Процесот е долготраен и повеќемесечен.

-Во тек се активностите за административно спроведување на таа одлука од Владата со која сега во едно ќе функционираат јавните здравствени установи во Прилеп. Главно, службите во Болницата и во Здравствениот дом остануваат да функционираат. Постепено, како ќе се создаваат приликите, тие служби од Здравствениот дом ќе се инкорпорираат во Болницата. Прво, за да се намали непотребното удвојување на кадарот и на администрацијата и да се намалат просториите во кои ќе се троши енергија, објаснува Богојески.

Службата на Итната медицинска помош од досегашниот стар објект треба да се префрли во рамките на болничката здрага.

-Планот е Итната медицинска помош да се префрли во рамките на Болницата,  да нема препраќање на пациентите од Службата во Ургентното одделение. Имаме идеи и ќе ги спроведуваме овој нареден период, вели Богојески.

Процесот ќе се одвива наредните месеци и ќе се црпат искуствата од други градови каде реорганизацијата е спроведена, како што е во Кавадарци, Гевгелија, во Кочани.

Допрва ќе се разговара помеѓу тимовите на Градската болница и на Здравствениот дом за да се разгледаат состојбите.

Прилепската Болница се справува со зголемување на трошоците, посебно зголемени во пандемијата.

– Болницата има околу 30 милиони денари обврски кои се сметаат занемарливи според податоците за другите Болници. Обврските се релативно мали, посебно се должат на  периодот со Ковид-ситуацијата. Лекувањето е бесплатно, а партиципацијата е сведена на 10-кратно помала, вели Богојески.

Инаку, во моментов, во Болницата на трите ковид-одделенија: Инфективното, Очното и Ушното одделение, се лекуваат околу 35 пациенти. Пред еден месец е затворен Ковид-одделот на Гинеколошкото, а деновиве и на Интерното одделение. Ситуацијата со Ковид-19 е стивната во овој период и од прилепската болница се надеваат дека бројот на новозаразени ќе опаѓа. /MИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Грците го преполнија центарот на Атина, редици пред продавниците

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk