ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Поплави во Албанија, Мета бара итно ангажирање на сите структури

January 26, 2021 21:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По поројните дождови во изминатите денови, кои предизвикаа поплави во повеќе делови на Албанија, шефот на државата Илир Мета побара итно ангажирање на сите структури со цел „државата да му помогне на секој граѓанин од поплавените подрачја“.

Според Мета, тешко е денес да се најде регион во Албанија без проблеми од дождовите присутни изминативе денови.

– Десетици куќи, деловни објекти и големи земјоделски површини, приватен и јавен имот, од север до југ, се поплавени, но недостасува помошта на државните структури за жителите. Во над 10 куќи во Шијак и над 70 во Сухт 2 и Вадард надојдената вода е 30 сантиметри. Истата состојба резултира и во Берат, а се предупредува на можно влошување на состојбата во регионите на Фиер и Корча, напиша Мета на Фејсбук.

Првичните извештаи, додава тој, зборуваат за над 1.500 хектари поплавено земјиште во подскадарскиот регион, а од испуштањето вода од хидроелектраните ситуацијата ќе се влоши, како што е и во областа долж реката Вјоса.

– Во оваа влошена состојба, итно е потребна посветеност на сите структури на централно и локално ниво за да се минимизираат последиците врз имотот и да се избегне каков било ризик по здравјето и животот на граѓаните. Оперативните тимови за цивилна заштита, спасување и евакуација и противпожарните служби треба да бидат 24/7 на терен, покрај граѓаните на кои им е потребна помош, апелира Мета.

Посочува дека Министерството за одбрана и државните резерви мора, без одлагање, да подготват помош во храна и други потреби за семејствата чии домови се поплавени.

Од Министерството за земјоделство побара веднаш да го достави потребното количество на сточна храна за добитокот во сопственост на лица чии домови се поплавени.

Градоначалничката на Скадар, Волтана Адеми, каде состојбата е најсериозна, бидејќи делови се поплавени уште од средината на месецов, за Њуз 24 телевизија вечерва рече дека ќе побара прогласување вонредна состојба на локално ниво. Според неа веќе почнала евакуација на дел од семејства.

Next Post

СДСМ: Зад бојкотот и саботажата на пописот стои Груевски, Мицкоски е само извршител

Најново

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk