ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Индекс на перцепција на корупција на ТИ: БиХ и Северна Македонија најлошо рангирани во регионот, Словенците – најдобро

January 28, 2021 12:33
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во денеска објавениот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл Северна Македонија е рангирана на 111. место со 35 бодови, а таа позиција ја дели со Босна и Херцеговина и Монголија.

Во регионот на Западен Балкан најдобро разнгирана е Словенија со оценка 60, потоа Хрватска – 47, Црна Гора – 45, Србија – 38 и Косово 36 бодови.

Низ целиот регион, пандемијата на Ковид-19 ги ​​разоткри системските проблеми и ја истакна широко распространетата корупција, што доведе до зголемено незадоволство кај јавноста, се вели во извештајот на Транспаренси Интернешнл.

Се вели дека некои политички лидери ја искористија кризата за да ја зголемат својата моќ, да го намалат веќе ограничениот пристап до информации, да го елиминираат барањето за транспарентност во постапките за јавни набавки и да ги игнорираат принципите на јавна одговорност.

Ковид-19 им даде изговор на корумпираните и авторитарни лидери да го намалат надзорот над јавните трошоци и да ги ограничат граѓанските слободи. Овие напори ја намалија транспарентноста за потрошувачката на странска помош, што го отежнува контролирањето на користењето на средствата за дистрибуција на помошта.

Истражувањата покажуваат дека корупцијата ги поткопува демократските права и институции, како што се слободата на говорот, пристапот до информации и независното судство и ги ограничува граѓаните да ја согледуваат и препознаваат одговорноста на надлежните.

Распространетата корупција и недостигот на транспарентност и отчетност го поткопаа адекватниот одговор на Ковид-19 во сите земји во регионот, се вели во извештајот.

Најдобро позиционирани земји на глобално ниво според индексот на перцепција на корупцијата се Данска, Нов Зеланд, Финска и други западни земји со висок степен на демократија. Земјите погодени од војна, беззаконие и диктатура се на крајот на листата, а оваа година тоа се Сирија, Сомалија и Јужен Судан.

Индексот користи скала на бодови од нула (многу корумпирана земја) до 100 (некорумпирана земја).

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Седницата за пратенички прашања прекината по барање на АА/Алтернатива, продолжува во 13 часот

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk