Професорката Катерина Колозова, со статус на Фејсбук посочи за корумпираноста на Македонија.
„Еве кога сме биле најмалку корумпирана земја според Транспаренси Интернешанал. Истата година кога ЕУ нè прогласи за заробена држава, Македонија е на 66 место. Да повторам, Македонија *има заробена и корумпирана администрација и судство,* само што објавиввме студија за тоа, но култот на Транспаренси и нивниот индекс добиен од инпут од бизнис и стручна елита ми ги прави крајно проблематични нивните рангирања (посебно ова од 2016 за 2015)”, напиша таа.