ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Оливер Андонов вели ВМРО-ДПМНЕ сее магла околу пописот, судска пресуда за Слаѓана Тасева од ТИ, одговорна е за клевета кон ГСОЛ и Еуроникел Индустри…

January 29, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Гир: Преговорите ќе почнат кога ќе има договор, но нема причина да не се продолжи со реформите. Тој порача дека преговарачкиот процес е сепопфатен, што влијае врз секој аспект од животот, оти ќе има подеми и падови, но бенефитите од пристапувањето ќе бидат многу појасни и поконкретни во текот на самиот процес на пристапување.

Колозова: Според Транспаренси најмалку корупирана земја сме биле кога ЕУ нè прогласи за „заробена држава“. . Да повторам, Македонија *има заробена и корумпирана администрација и судство,* само што објавиввме студија за тоа, но култот на Транспаренси и нивниот индекс добиен од инпут од бизнис и стручна елита ми ги прави крајно проблематични нивните рангирања (посебно ова од 2016 за 2015)”, напиша таа.

Судска пресуда: Слаѓана Тасева одговорна за клевета направена кон ГСОЛ и Еуроникел Индустри. Според пресудата, Тасева на прес конференција одржана на 25.04.2018 година изнела невистини искази во однос на стечајната постапка на поранешниот комбинат Фени, кои се однесувале на ГСОЛ и Еуроникел Индустри, со намера да наштети на нивната репутација.

Заев: Повикот за бојкот на попис е неодговорно однесување и отсуство на елементарна свест. Инсистирам на терминот „статистичка операција“ затоа што со законските решенија пописот ќе се реализира исклучиво како статистичка операција согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат, односно според врвните глобални и европски стандарди и практики –за никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање, рече Заев.

Маричиќ: Потребно е да се обединиме – пописот е врвен државен приоритет. Според него, објавувањето на методологијата по која ќе спроведе попишувањето ќе ги разоткрие сите вештачки создадени митови за тоа дека воопшто можат наводно да се фингираат резултатите од работата на македонските статистичари.

Разрешување на обвинителката Фетаи побараа роднините на обвинетите во „Монструм“. Бедри Ајдари од иницијативниот одбор на протестите изјави дека бараат само да се спроведуваат актуелните закони кои важат во нашата земја.

Поранешниот министер Оливер Андонов го обвини раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека сее магла околу пописот. Андонов смета дека политиката „без став“ и политиката на „бојкот“ е само сеење магла која води кон недоверба и апатија, кои потоа резултираат со изборен пораз. Андонов ја разбива манипулацијата околу собирањето потписи преку цитирање на уставоти можносите кои ги има Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Намалени просечните каматни стапки и на кредитите и на депозитите. Новоодобрените кредити во декември имале просечна каматна стапка од 3,78 отсто, а новопримените депозити 0,68 отсто. Забележано е намалување кај кредитите за 0,20 на месечно ниво и 0,37 отсто на годишно ниво. Кај депозитите намалувањето е 0,14 на меечно и 0,46 отсто на годишно ниво.
Бочварски: За три години повеќе реконструкции на патишта од претходните 11 години.  За една година имаме реализирано само 243 километри, така што разликата е огромна, но можам да кажам дека ќе продолжиме уште посилно и во време на пандемија, рече Бочварски.
И. Т. З. 
Next Post

Владанка Димковска: Треба да зборуваме гласно за секое насилство!

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk