ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манијаци, криминалци, радикали и сејачи на лажни вести и омраза… Сите на едно место?

January 29, 2021 19:14
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Социјалните мрежи се фронтот на кој секојдневно, од минута во минута, се судираат фактите и лажните вести. Тоа е просторот каде што се сее омразата и се повикува на ликвидација на политичари, новинари, активисти… Тие се истовремено „дистрибутери“ и „извори“ на пропагандната мрежа од самонаречени медиуми кои „нагалено“ ги нарекуваме со нивните сопствени изрази: куртони, курири, лудаци, човечиња, началници…

Деновиве, во екот на повампирениот скандал на групата „Јавна соба“ која врши сексуално насилство и злоупотреби со фото и видео материјали и лични податоци на малолетни лица, на површина излегуваат и низа непријатни сознанија. Институциите се покренаа, како што објави и министерот за внатрешни, Спасовски, па веќе има и приведени членови на злогласната група на мрежата „Телеграм“.

Не е невообичаено за вакви скандали јавноста да доаѓа до информации спорадично, преку официјални, но и неофицијални канали.

Така, денеска неофицијално се дознава дека извесен адвокат од гратче во источниот дел од земјава е дел од сексуалните предатори и манијаци во „Јавна соба“. Според неофицијални изводи, линковите се и подлабоки, бидејќи се работи за член на најблиското семејство на еден пратеник во парламентот.

За пратеникот, пак, подолго време се говори, но никако да се добие официјална потврда, дека е основач на Фејсбук страницата Јован Кукузел на која секојдневно се објавуваат ноторни лаги, вулгарности и клевети, лажни вести и објави со гнасен говор на омразата и повици за политичко насилство и ликвидации.

Се стекнува впечатокот дека повеќето од мрачните ликови, најчесто скриени зад псевдоними и лажни профили на социјалните мрежи, се некако поврзани, а нивните патишта се вкрстуваат на исти или слични теми. Манијаци, криминалци, радикали и сејачи на лажни вести и омраза… Сите на едно место?

МВР е раздвижено. Дали ќе има реакција и од Јавното обвинителство ќе видиме деновиве. Можеби и не е толку тешко, ако е точен впечатокот, па можеби со една акција ќе се решат повеќе случаи одеднаш.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Полицијата идентификува уште еден член на „Јавна соба“, но тој е на Малта

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk