ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хрватскиот неделник „Глобус“ постхумно ѝ се извини на Мира Фурлан за медиумскиот линч од 1991 година

January 29, 2021 21:23
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Главниот уредник на хрватскиот неделник „Глобус“, Здравко Милиновиќ во објавен коментар на 27 јануари постхумно ѝ се извини на актерката Мира Фурлан за објавениот фељтон во три продолженија на страниците на овој неделник во 1991 година, со што тие како редакција учествувале во медиумскиот линч против неа што се водел во Хрватска за време на распадот на Југославија, пренесе МЕТА.

Фељтонот во три продолженија во загрепски „Глобус“ бил објавен во есента 1991 година по учеството на Мира Фурлан на фестивалот „БИТЕФ“ во Белград. Уредникот Милиновиќ вели дека „Глобус“ имал споредна, но валкана улога во целиот медиумски линч против неа.

„Во нашето монографско издание по повод 30 години од излегувањето на „Глобус“ не се двоумевме да се сетиме на своите големи промашувања и неуспеси. Но, се чини дека е полесно да се паметат своите успеси. Попрво би се сетиле на добрите приказни отколку на промашувањата кои знаеле да имаат катастрофални последици“, пишува Здравко Милиновиќ.

Тој додава дека медиумскиот линч од 1991 година е периодот кога Мира Фурлан добила отказ од Хрватскиот народен театар и останала без својот стан во Загреб.

„Но, вистината боли. Затоа „Глобус“, барем сега и барем предоцна, мора длабоко да се поклони и длабоко да се извини“, пишува главниот уредник на неделникот „Глобус“.

Актерката Мира Фурлан е само дел од низата на јавни личности во Хрватска кои беа медиумски линчувани во периодот на распадот на Југославија поради своите ставови против војната и штетните последици од хрватскиот национализам. Меѓу нив, се наоѓаат Јелена Ловриќ, Рада Ивековиќ, Славенка Дракулиќ, Дубравка Угрешиќ, а некои како Славенка Дракулиќ заминаа да живеат надвор од Хрватска во периодот на напливот на национализмот.

Идентична судбина во екот на напливот на српскиот национализам, во Белград доживеаа и Богдан Богдановиќ, Иван Џуриќ, Радомир Константиновиќ, Миладин Животиќ, а некои интелектуалци како Богдановиќ и Џуриќ беа приморани да ги напуштат своите домови во Белград и да ги продолжат своите кариери во странство.

„Кога го напуштив Белград со својата сопруга, помислив дека некако ги преживеав сите тие ужаси и злосторства на територијата на поранешната земја“, ќе изјави архитектот Богдан Богдановиќ во едно од неговите интервјуа дадени во 90-тите години од минатиот век.

Инаку, актерката Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст од западнонилска треска, на 20 јануари годинава, во Лос Анџелес, каде што живее уште од 90-тите години на минатиот век.

Извор: МЕТА

Next Post

Агенција за филм: Краткиот игран филм „Северен Пол“ е осмиот филм кој се снима според ковид-19 протоколи

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk