ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ОЈО отвора предмет за случајот со српската државјанка која не е вработена во битолската болница, а извршила породување со царски рез

February 9, 2021 16:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство во Битола отвора предмет за случајот од први јануари годинава што вчера беше обелоденет во јавноста дека минатиот месец лекарка, српска државјанка, извршила породување со царски рез иако не била вработена во оваа болница.

Предметот е отворен по анонимна пријава на 12 јануари 2021 година.

Кон предметот е додадена и кривична пријава поднесена која вчера ја поднесе СВР Битола против три лица кои ги пречекориле своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле лице без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора, да помогне при породување со царски рез.

Но, случајот не завршил со операцијата, туку потоа, едно од лицата, во оперативниот дневник внело невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внело своите податоци и податоците на колегата, а од стариот оперативен дневник отстранило страници каде што стоело името на третото лице за извршените оперативни интервенции на 1 јануари годинава.

Министерот Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека денеска во битолската болница има инспекција од ДСЗИ и одби да даде коментар пред да ги добие наодите од инспекцијата.

Вчера МВР соопшти дека докторка од Белград, Србија, која нема соодветна лиценца за работа од Лекарската комора во земјава, правела царски рез во Клиничката болница во Битола.

Докторката е сопруга на 33-годишен гинеколог во битолската болница, кој заедно со уште лекар заработија кривични пријави.

Двајцата гинеколози од Битола се пријавени за делото злоупотреба на службената положба и овластување, додека сопругот на докторката од Србија е осомничени за фалсификување службена исправа.

Српската лекарка, пак, е пријавена за надрилекарство и за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Извор: 360 степени

Next Post

СДСМ: „Космонаутот“ Мицкоски и на Месечината да се качи не може да избега од поразите на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk