пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ/ ЦИВИЛ МЕДИА
Левото Димче, пред неколку месеци влезе во Собрание како борец против елити и привилегии, а богами и како борец за животна средина кој доаѓа со велосипед на работа. Mедиумите на левата и десната рака на мвро-вмро правеа спектакл од тоa.
А по само неколку месеци пратенички мандат, Димче се претвори во класичен фотељаш, кој замислете, се буни што „пајак“ му ја собрал непрописно паркираната „алфа“ и што ќе треба да плати казна за тоа. Наместо да се срами, се буни на цел глас, не само тој, туку и целата негова кликни-плукни бот-војска на социјалните мрежи.
И не му е сефте да тера ваква „борба“. Освен „борец“ за неред и непрописно паркирање, Димче во овие месеци во Собранието „се бореше“ и за парите на народот што неговата партија ги заглави како „заштеда“ во Еуростандард банка, се бореше и со пратенички прашања за семејната куќа во Велес…Го имаше колку за сликање и себепромоција, и толку.
Не за џабе рекол мудриот народ: Дај му малку власт, да му го видиш умот…
Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.