Новинарот Васко Маглешов во емисијата 24 анализа потенцираше дека имаме предмети кои 14 години се без разрешница и тоа е сериозна индикација дека нешто мора да се менува, но не да се одложува со менување.
„Тоа треба да се реши, а не да се одложува.“ – вели Маглешов.
Во однос на случаи од пред 14 години кои се влечат долги години по судовите, рече дека сето тоа придонесува граѓаните да немаат доверба во судството. Тука се и доставувачите на судските предмети и адвокатите со нивната одговорност, зошто се одлагаат судења поради адвокати.
„Тоа е неоправдано и се користи механизмот на ковање на стратегија, на одлагање и тоа трае,. Одговорност има и адвокатската комора да спроведе постапка во нивните редови. Комплексен е предметот.“ – вели Маглешов.
Вели дека и досега сме имале механизми за филтрација и дека ова не треба да биде кампања која ќе трае цела година. Тоа треба да биде системски филтер, кој ќе оневозможува секаков тип на влијанија, вели Маглешов.