ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна монтирањето на модуларната болница во Дебар

February 10, 2021 16:46
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА

Почна монтирањето на модуларната болница во Дебар, која ќе се протега на површина 240 квадратни метри и ќе работи како тријажен центар со соодветна лабораторија и други простории.

-Нам како локална власт обврска ни беше да го подготвиме теренот и да ја обезбедме потребната инфраструктура. Тоа подразбра дека на просторот каде се поставуваат монтажните објекти претходно е извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, се постави водоводна и канализациска мрежа и се спроведоа приклучоци за електрично напојување, изјави Хекуран Дука, градоначалник на Дебар.

Дука, кој по занимање е лекар – специјалист уролог, оценува дека дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во Општата болница со проширена дејност, во чиј круг е модуларната болница, и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во поширокиот дебарски регион.

Во меѓувреме, непречено фунционира ковид-центарот во Инфективното одделение, каде набргу ќе почне изградбата на централен систем за кислородна поддршка.

Моментно тука се хоспитализирани шест пациенти, сите на кислородна поддршка, но во стабилна состојба. Амбулантски се лекуваат во просек пет до шест лица дневно.

Според официјални податоци на Министерството за здравство, денеска се регистрирани еден новозаразен и 16 оздравени. Вкупниот број на заразени во Дебар и општина Центар Жупа е 777, починале четиресеттина, а активни на болеста се 53. Од нив, двајца се хоспитализирани во болници во Скопје.

Next Post

Наумоски го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Под кривична, материјална и морална одговорност тврдам, сè што кажа Стоилковски е лага

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk