ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Лажна вест е дека Маричиќ забранил употреба на „македонски“ и „Македонија“ во називот на граѓанските здруженија, вакцините се безбедни и не предизвикуваат неплодност..

February 13, 2021 17:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Лажна вест е дека Маричиќ забранил употреба на придавката „македонски“ и името „Македонија“ во називот на граѓанските здруженија. Класична лажна вест е дека министерот за правда ја забранил употребата на придавката „македонски“ и името „Македонија“ во називот на граѓанските здруженија, односно трговските друштва. Министерството за правда, секогаш кога тоа е во согласност со Уставот и законите, дозволува да се употребува придавката „македонски“, наведуваат од Министерството за правда.

Пендаровски: Ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат. Инаку темата за НАТО сертификатите се актуализираше поради тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека двајца министри- првиот човек на МВР Оливер Спасовски и министерот за правда Бојан Маричиќ не добиле сертификати.

По 70 години комплетно реновирани заедничките простории на Клиниките во објектот на интерни клиники во Клинички центар. Интернистичкиот блок кој е во функција од 1953 година за првпат е реновиран. Објектот беше со дотраени заеднички простории, санитарни јазли, чекални, стара, оштетена и непропорционално димензионирана внатрешна и надворешна столарија, дотраена обработка на ѕидовите и подовите.

Што е мит а што вистина за анти-ковид вакцините – одговара имунологот и епидемиолог Кетрин О’Брајан (ВИДЕО). Мит е дека анти-ковид вакцините предизвикуваат неплодност. Она што го прави МРНК на нашето тело е давање инструкции како да произведе протеини. Повеќето вакцини се направени од протеини или многу мала количина на бацилот/ микробот против кого и вакцинираме. Сега има друг пристап, МРНК му дава на телото инструкции, имунолошкиот систем да создаде антитела.

Регистрирани 357 нови случаи на Ковид 19, починати се 5 лицa. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.

Захариева: Главни проблеми се непочитување Договорот за добрососедство, говор на омраза, наставни материјали и дискриминација на граѓани со бугарски идентитет.  Оттаму, деталите се многу, но ова се суштинските недоразбирања“, истакна Захариева.

До пладне, над 40.600 граѓани се регистрирале на vakcinacija.mk. Со пополнувањето на апликацијата се регистрираат во електронскиот систем „Мој термин“, а матичниот лекар ќе може да види дека негов пациент е заинтересиран за вакцинација.

Онлајн дискусија: Невролошките и невропсихијатриските импликации од Ковид-19 се чести и сериозни. Некои компликации се акутни, но некои се јавуваат и две недели по дијагностицирањето и тоа кај пациентите кои првично имале полесни респираторни симптоми. Овие компликации може да бидат многу сериозни, но и тешко препознатливи.

Кире Лазаров е нов селектор на Македонската ракометна репрезентација. Тој ќе дебитира на клупата на репрезентација веќе во март, кога нè очекува двомеч со Данска во квалификациите за ЕП.

Оксфордската вакцина АстраЗенека ќе се тестира на деца и млади. Првите тестови за ефикасноста на вакцината на АстраЗенека врз деца и млади би требало да почнат уште овој месец. Притоа, околу 240 деца ќе ја добијат вакцината, а остатокот ќе добие средство за контрола.

И. Т. З.

Next Post

Захариева: ГЕРБ не ја отстапила темата Северна Македонија на ВМРО-БНД за предизборни цели

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk