ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Имунизацијата од Ковид-19 започна, ова е единствениот начин да ја смениме сликата на пандемијата

Следната недела ќе пристигнат и другите дози од вакцините на Фајзер. Тоа значи дека сите пријавени здравствени работници кои работат со ковид пациенти ќе бидат вакцинирани

February 17, 2021 11:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денеска и официјално започна процесот на имунизација против Ковид-19 во нашата земја. Првите вакцинирани се докторка и медицинска сестра дел од персоналот на Инфективната клиника, кои во изминатиов период секојдневно се бореа за секој еден човечки живот.“, истакна министерот Филипче на денешната прес-конференција за почетокот на имунизацијата и вакцинирањето на првите здравствени работници во државата.

Тој нагласи дека денеска продолжува вакцинацијата на сите вработени на инфективната клиника, потоа сите вработени во ковид центрите во Скопје, Болницата Осми септември, Институтот за белодробни заболувања Козле, Интерните клиники и сите кои работеа со ковид пациенти.

Филипче појасни дека за време на викендот ќе се вакцинираат здравствените работници од болниците од целата држава и приватните болници и дека се очекуваат и следните од вакцините.

„Следната недела ќе пристигнат и другите дози од вакцините на Фајзер. Тоа значи дека сите пријавени здравствени работници кои работат со ковид пациенти ќе бидат вакцинирани. Ќе започне и кампањата за подигање на света. Многу е битно граѓаните да се свесни дека вакцините се безбедни и дека безразлика од кој производител доаѓаат сите се развиваат на безбедни платформи.“, рече Филипче

Министерот потенцира дека ова е единствениот начин да ја смениме сликата на пандемијата и дека системот добро функционира.

„Ова е единствениот начин да ја смениме сликата на пандемијата. Системот добро функционира. Започнува со земање на анамнестички податоци, краток предлег и административна работа со внесување податоци за закажаниот термин и закажување на следниот термин за ревакцинацијата за после три недели. Дел од вакцините се чуваат и во фрижидерите на Модуларната болница. Можат да бидат до 5 дена во тие фрижидери на температура од 2 до 8 степени, после тоа се раствараат и во рок од 5 часа мора да се аплицираат.“, рече министерот за здравство Филипче на денешната прес-конференција.

Првите здравствени работници кои денеска ја примија вакцината против Ковид-19, се примариус доктор инфектолог Добринка Наунова Јовановска и главна сестра на Инфективна клиника Габриела Темелковска.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Граѓаните и фирмите преку МКБ може да имаат увид во сопствената задолженост

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk