ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„X Фактор Акцелератор“ со нова инвестициска програма за помош на стартап компании

February 18, 2021 14:22
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„X Фактор Акцелератор“ отвори повик за стартап компании на кои ќе им помогне побрзо да дојдат до инвестиции и нови пазари. Станува збор за инвестициска програма на „X Фактор Акцелератор“ со вкупен буџет од 300 илјади евра кои ќе бидат инвестирани во три до пет компании.

Рокот за аплицирање е до 15 март, а стартап компаниите треба да ги исполнат следните услови – компанијата да е регистрирана во државава со најмалку 51 процент македонска сопственост, да имаат оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација и продажба на први клиенти.

–  X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови, информираа денеска од компанијата.

Годинава, како што велат, фокусот ќе биде на иновативните решенија.

Аплицирањето се врши преку веб страната на „X Фактор Акцелератор“ со испраќање на краток опис на бизнис идејата. Евалуацијата на апликациите ќе се изврши на 15 март, а на 20 март е фазата во која селектираните тимови ќе треба да достават дополнителна документација. На 1 април почнува подготовката на компаниите за инвестиција преку менторство и експертска поддршка. Договорот со најдобрите ќе биде потпишан на 7 април.

Она што компаниите ќе го добијат, освен финансии, е и поддршката за вмрежување и зголемување на видливоста на нивните бизниси.

Од компанијата посочуваат дека се првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализирал две инвестиции во вкупен износ од 200 илјади евра во стартап тимовите на Матриошка и Vision Dynamix./МИА/

Next Post

Силвана Бонева за Фронтлајн сподели детали за сведочењата во случајот „Друмарина“

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk