ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Русковска: Ако Обвинителството во петокот побараше притвор ќе се протолкуваше како прејудицирање на пресудата

February 23, 2021 07:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинетиот Сашо Мијалков редовно се јавуваше на сите рочишта, доколку во петокот, по завршување на рочиштето, Обвинителството побараше притвор, ќе се протолкуваше како прејудицирање на пресудата, изјави вечерва шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал Вилма Русковска во емисијата 360 на телевизија Алсат.

За тоа зошто Обвинителството не побарало притвор во петокот, по завршување на рочиштето за „Таргет-Тврдина“, Рускоска рече дека постојат две причини.

– Првата е што немавме законска можност, затоа што обвинетиот Сашо Мијалков ги почитуваше превентивните мерки кои му беа определени од судот, а исто така редовно се јавуваше на сите рочишта. Втората, многу поважна, причина е тоа што, доколку во тој момент Обвинителството побараше притвор, можеше и ќе се протолкуваше како прејудицирање на пресудата, изјави Русковска.

Додека Судот не ја објави пресудата, посочи Русковска, секој е невин.

Посочи дека во саботата после 12:30 часот на пладне, откако добила оперативна информација од нејзин личен извор дека е можно бегство на Мијалков, остварила контакт со министерот за внатрешни работи кој и рекол дека ќе ги провери сознанијата кои ги добила.

– Некаде по 15 часот, не знам точно, ми се јави министерот и ме замоли она што по телефон сум му го кажала, да го напишам на писмено и да му го доставам. Јас истото го сторив и доставив известување. Сега не знам дали беше 16:30 или 17 часот, не обрнував внимание на тоа и некаде по 22:30 часот, ми донесоа известување од полиција, односно истото известување кое јас им го пратив само со додадени генералии на обвинетиот Мијалков. Јас се јавив на директорот на полиција, го прашав дали оствариле контакт со Агенцијата за национална безбедност и дали тие имаат некои сознанија при што директорот ми кажа дека Агенцијата за национална безбедност нема сознанија за бегство на Сашо Мијалков. Се слушнав и со Републичкиот обвинител и тој ме праша колку ми е сигурна информацијата. Јас реков дека тоа ми е оперативна информација од мој личен извор. И се договоривме да видиме следниот ден. Потоа во комуникација со Јавниот обвинител на Северна Македонија се обидов да го најдам, да стапам во контакт со мојот извор, да прашам колку е сигурна информацијата. Со истиот успеав да се слушнам дури околу пладне при што сега не можам да откривам детали, но на скала од 1 до 10, информацијата е некаде 7, рече Рускоска во интервју за “360 степени“.

Рускоска не сакаше да шпекулира каде е пропусот, но отфрли каква било одговорност на Обвинителството. Истакна дека за неа како обвинител и како човек е страшно што бегствата се повторуваат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сончево и потопло со слаб до умерен ветер

НАЈНОВО

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk