ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Повеќе фактори влијаат на зголемената цена на станови во Куманово

February 23, 2021 14:10
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најголемото влијание за евидентно зголемената цена на новоизградени станови во Куманово главно се должи на пазарната економија, а во помала мера и на зголемените комунални давачки и примената на одлуката на Советот со која се дозволува 50 проценти искористеност на градежната парцела, истакна градоначалникот Максим Димитриевски на седница на Советот на општината.

На прашањето од советникот Зоран Петрушевски од опозицијата дали заострените одлуки на Советот придонеле за зголемување на цената на квадрат кој во одредени атрактивни зони во Куманово достигнува и цена од над 800 евра за квадрат, Димитриевски рече дека на овој начин се става ред во урбанистичкото живеење и нагласи дека и во иднина ќе се применува одлуката.

– Онаму каде што има простор дополнително и ќе се намали процентот на искористеноста на градежната парцела. Целта е да се воведе ред во градењето, додека да се донесе план за централното градско подрачје, каде сега има притисок и целта е Куманово да стане модерен град. Општината не сака да зависи од одредени сопственици на земјиште кое го добиле години наназад и не може тие да бидат урбанисти во градот, рече Димитриевски.

Тој потсети дека на почетокот на мандатот е донесена непопуларната одлука за коефициентот на искористеност на градежната парцела, иако, како што рече, имало реакции и од дел од градежната фела, архитектите, но и дел од советниците. Нагласи дека пред неколку години цената на комуналните давачки била дури и пониска од помалите градови од државата, што било нелогично и овозможило да се гради на секој чекор.

– Со сегашниот закон, кој е во сила, буквално нам како општина ни се дава можност таму каде што ќе сметаме и каде има можност и да се намали коефицинетот на искористеност под 50 проценти, истакна Димитриевски.

Потенцираше дека од изградба на објект кај поранешен „1 мај“ општината инкасирала 80 милиони денари од давачки и дека оваа година се издадени повеќе дозволи за градби./МИА/

Next Post

Вакцинирани 1274 здравствени работници, над 102 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk