ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Британската амбасадорка Галовеј во посета на Штип

February 24, 2021 12:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј денеска е во посета на Општина Штип, каде на средбата со градоначалникот Сашко Николов разговарале за проектите кои општината ги реализира од европските фондови, но и за трговската соработка меѓу Велика Британија и Северна Македонија.  

-Денеска имавме разговор и дојдовме до заклучок дека Штип како текстилна индустрија, како текстилен центар и како центар на кожната индустрија, па и на металуршката можеме да најдеме многу допирни точки со Британија. Наместо да се фокусираат нашите компании  за соработка со еден партнер да имаат повеќе партнери во Британија, во Германија, во Франција, во Австрија со цел ваквите пандемиски кризи коишто може да предизвикаат и економска криза многу помалку и послабо да ги осетат како негативен ефект од целата оваа ситуација во која што живееме сите, вели Николов.

Посочи дека Општина Штип во наредниот период  со тимот на Галовеј ќе соработува за да  се воспостави онлајн форум со компаниите, а со  цел да се изнајдат комуникации и партнери во Велика Британија со што ќе започне една трговска, економска, општествена и социјална соработка.

Британската амбасдорка посочи дека општина Штип се справува со пандемијата, но и како после пандемијата соработката да се врати подобро и посилно.

-Како што спомна и градоначалникот, разговаравме за можноста за соработка во повеќе области. Една од нив беше во индустријата и во оние области коишто се моментално активни каде може да соработуваме заедно.  Драго ми е што сум денеска тука и ќе имам можност  да се сретнам со повеќе луѓе кои работат во текстилната индустрија. Дел од тимот на Амбасадата ќе има средби паралелно со мојата посета и со компании и други претставници од асоцијации, вели Галовеј.  

Забележа дека трговската размена меѓу Велика Британија и Северна Македонија лани е зголемена.

– Многу ми е драго што трговската размена како што видовме лани се зголеми помеѓу нашите две држави и се надевам дека ќе има можност и за понатамошен развој и соработка. Јас сум од Манчестер и исто би ми било многу драго и работиме на тоа да се зголеми трговката размена помеѓу нашите две држави, рече Галовеј.  

Прашана за олабавувањето на мерките во нејзината земја и граѓаните кои побрзаа да уплатат туристички аранжмани, Галовеј вели дека  се надева оти сите ќе го видиме светлото на крајот на тунелот, но сите мора да ја следат ситуацијата со пандемијата./МИА/

Next Post

Платформа за родова еднаквост: ОЈО итно да го расчисти случајот „Јавна соба“

Shortcut

Најново

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026
Generated by pixel @ 2026-05-

Пад на акциите на Ферари по промоцијата на првиот целосно електричен автомобил „Luce“

May 28, 2026
Фото: Влада

СДСМ: Прославата на независноста не смее да биде параван за приватизација на културата

May 28, 2026

МВР: Со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk