ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Обвинителен акт за тероризам против три лица од Куманово

February 25, 2021 15:12
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведената истражна постапка, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против три лица од Куманово, на кои им се ставаат на товар кривичните дела „терористичка организација“ и „тероризам“, според член 394-а, односно 394-б од Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство, на обвинетиот Б.А (28) му се става на товар дека ги сторил кривичните дела „терористичка организација“ од член 394-а став 1 и „тероризам“ од член 394-б став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека обвинетите В.А. (22) и Е.Љ. (26) со дејствијата опишани во обвинението сториле кривично дело „терористичка организација“ од член 394-а став 2 и кривично дело „тероризам “од член 394-б став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според соопшението на ЈО, на почетокот на 2019 година, обвинетиот Б.А., создал злосторничка организација – терористичка организација „ќелија“, со основи на идеолошка матрица на познатата терористичка организација Исламска држава. Прифаќајќи го криминалниот план на злосторничката организација, некзини припадници станале обвинетите В.А.и Е.Љ., како и уште осум осомничени лица за кои се спроведува истражна постапка од 28.12.2020 година.

– Во терористичката група постоела координација и заедничко делување, со намера загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните. Секој член имал конкретни задачи и тоа: обвинетиот А.Б. како организатор обезбедувал финансиски средства за остварување на целите на злосторничката организација, го договарал и организирал набавувањето – купувањето на оружјето, муниција и воената опрема, организирал вежбовни активности поврзани со употреба на огнено оружје и експлозивни направи, организирал средби на кои се прикажувале видеа со радикална содржина, како и начинот на изработка на експлозивни направи. Обвинетите В.А.и Е.Љ. како припадници на злосторничка организација – терористичка група „ќелија“ добивале конкретни задачи од обвинетиот А.Б., обезбедувале логистичка поддршка и имале задача да обезбедат простории односно објект, во кој ќе го држат оружјето, муницијата и воената опрема. Воедно изработувале импровизирани експлозивни направи, обезбедиле патничко моторно возило со кое ќе се пренесува оружјето и учествувале во неговото пренесување и прикривање, а собирале и информации за движење и вршеле опсервирање на објекти и локации, иформира ЈО.

Обвинетите, како што стои во соопштението, дејствувајќи по однапред направениот план, со намера да извршат едно или повеќе дела на убиство, телесно повредување, уништување на јавни објекти, објекти на инфраструктура и објекти во општа употреба на територија на Република Северна Македонија, од почетокот на 2019 година, се подготвувале, купиле, пренесувале и држеле експлозив, огнено оружје, муниција, гранати, бомби и воената опрема.

– Притоа изработувале импровизирани експлозивни направи и во два наврати од крајот на месец април до средината на месец август 2020 година со намера да го испробаат разорното дејство на изработените експлозивни направи, ги употребиле во напуштениот објект на поранешниот Хотел „Ку-ба“ во близина на село Проевце, Куманово. Како дел од обуката за користење на ракетен фрлач – зоља и другото автоматско оружје, обвинетите од засега непознато лице набавиле ракетен фрлач – зоља и вршеле пробно испалување, како и пукање со автоматска пушка во близина на местото викано Менкова Колиба во близина на Куманово, се додава во соопштението.

Имајќи ги предвид околностите што постоеле во моментот на определувањето на мерката притвор, како и специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело и оправданиот страв дека обвинетите ќе ги повторат кривичните дела, односно ќе бидат во можност да извршат кривични дела: убиство, телесно повредување, изведување на терористички акти на цивилни или така наречени меки цели, како и изведување на напади на јавни објекти, објекти на инфраструктура и објекти во општа употреба на територија на Република Северна Македонија, Обвинителството со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор определена од судијата на претходна постапка.​/МИА/

Next Post

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е безбедна и ефективна и се дава во една доза

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk