ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ЕСМ: РЕК Битола ги следи и реализира еколошките процеси со многу побрза динамика во последните три години

February 25, 2021 15:28
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 2017 година, на РЕК Битола му е од исклучителна важност запазувањето на еколошките норми во работењето при производството на електрична енергија. За разлика од порано, комбинатот и АД ЕСМ во последните три години со забрзано темпо ги следат и реализираат бројните еколошки процеси за кои имаат преземено обврска и со кои треба државата да се прилагоди на високите европски стандарди за минимум емисии при произвидниот процес, наведуваат од АД ЕСМ.

-Одлагалиштето за пепел во РЕК Битола од некогашните 33.000 м2 непокриена површина со пепел, сведено е на оптимален минимум само за дневно работење од околу 2.700 м2. Отворена е нова касета за одлагање на пепел, воведено е водено отпепелување, направени се капитални ремонти на сите три блока со кои се оптимизира работата, а со тоа се намалуваат емисиите, намалена е потрошувачката на мазут која во изминатата деценија достигала и до 33.000 тони дневно, за во последните години да падне и под 9.000 тони, се наведува во соопштението.

Додаваат дека се набавени и еколошки автобуси за превоз на вработените во РЕК Битола, со што АД ЕСМ, како што посочуваат, е првата компанија која обезбеди превоз на еколошки погон (метан) за дел од вработените.

-Во 2018 година направени се подготовките, а во 2019 поднесено е барањето до Министерството за животна средина за добивање А интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола, документ кој содржи редица насоки и обвраки како треба да тече производството за да бидат запазени еколошките стандарди, посочуваат од ЕСМ.

Информираат дека претстојат значајни чекори за усвојување на еколошки стандарди во работењето на комбинатот, како што се реконструкција на електростатските филтри до 2023 година и десулфуризација до 2026 година за блоковите 2 и 3. Блок 1, ќе добие алтернативно гориво за производство.

-Десулфуризацијата е голема инвестиција која заедно со филтрите достигнува вредности и од стотици милиони евра и потребно е време за реализација на истата. Од тие причини, на проектот се работи заеднички и со Владата на Р. Северна Македонија, меѓународни финансиски институции, а се разгледуваат и можности за грантови од земји членки на ЕУ, посочуваат во соопштението.

Ги охрабруваат надлежните институции да продолжат со своите активности на редовни контроли и надзор врз еколошките стандарди при производството, бидејќи, како што велат, нивното достигнување и спроведување е определба и на АД ЕСМ и РЕК Битола.

-Ние секојдневно ги подобруваме нашите стандарди на работење и доколку анализите укажат дека е потребно да се унапредат тековните мерки, истото ќе биде спроведено, се наведува во соопштението./МИА/

Next Post

Бесими за МИА: Во наредните недели ќе се отвори дебата за прогресивен данок

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk