ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

РСБСП информира кога и како правилно да се користи „Европскиот извештај“

February 26, 2021 10:52
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот изготви образец за тоа како и кога да се користи „Европскиот извештај“, што се користи во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета, а го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода. Под мала материјална штета во сообраќајна незгода се подразбира штета на објекти и на возила на кои што не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата се во можност сами да се движат по патот.

– Европскиот извештај не се пополнува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени или загинати лица и во сообраќајна незгода со голема материјална штета, информира РСБСП.

РСБСП посочи дека возачите учесници во сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, откако ќе го пополнат и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода веднаш треба да ги отстранат возилата од коловозот, со цел непречено одвивање на сообраќајот. Исто така, на возачот учесник во сообраќајната незгода кој постапува спротивно од наведената одредба, ќе му биде издаден. прекршочен платен налог во износ од 250 евра, во денарска противвредност.

– Возачите учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана мала материјална штета, а го пополниле и потпишале Европскиот извештај, не се должни да го известат Министерството за внатрешни работи. Европскиот извештај не претставува признавање вина и не значи дека меѓу возачите е постигната согласност за вината во сообраќајната незгода, ниту дека со потписот се признава вина, туку служи единствено за утврдување на фактичката состојба, пишува во соопштението.

Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода  во која е предизвикана мала материјална штета и не е потпишан Европски извештај, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случај кога: eдно од возилата нема регистарски таблици или не е осигурано, eдно од возилата има странска регистарска таблица,  очигледно е дека еден од возачите е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции, еден од возачите не поседува возачка дозвола од соодветната категорија,  на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција во возачката дозвола – забрана за управување со моторно возило, еден од возачите одбива да даде свои лични податоци, односно податоци за возилото, еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода, ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода.

– Сопственикот на возилото е должен да го извести друштвото за осигурување со кое склучил договор за осигурување од автомобилска одговорност за настанувањето на сообраќајната незгода и да достави пополнет Европски извештај во рок од 30 дена од настанувањето на незгодата. Учесниците во сообраќајната незгода, на барање на одговорното друштво за осигурување, се должни опширно да известат за околностите под кои се случила сообраќајната незгода, во спротивно, се должни да ја надоместат штетата настаната од неисполнување на обврската за известување, се вели во соопштението.

Во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета во која учествуваат две возила, се пополнува само еден комплет Европски извештај. Доколку во незгодата учествуваат три возила, се пополнуваат два комплета, четири возила – три комплета, итн. Притоа, воопшто не е важно чиј примерок се пополнува, ниту кој го пополнува. При пополнувањето на Европскиот извештај важно е да се користи хемиско пенкало. Се препорачува учесниците во сообраќајната незгода да направат фотографии со поголема и непосредна оддалеченост, да се се фотографира состојбата на возилата, оштетувањата, отпаднати делови, местото на незгодата и траги од кочење.

РСБСП посочи дека придобивките од користење на „Европскиот извештај“ се повеќекратни, односно придонесуваат во намалување на сообраќајниот метеж по сообраќајната незгода со мала материјална штета, побезбедно одвивање на сообраќајот, брзо ефикасно обесштетување на оштетените странки, помалку административни процедури и заштеда на време и пари, како и намалување на можноста за дополнителни санкции./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk