– Добро му стои, нека се навикне на удобното сепаре позади пригодните решетки, се коментарите на социјалните мрежи после објавената фотoграфија од ТВ21.мк од спроведувањето на Мијалков со полициска придружба до судот, каде е во тек изрекувањето на пресудата за прислушувањето за предметот „Таргет-Тврдина“
Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.
Д. Е.