При полициска контрола, поради непочитување на мерки за заштита на здравјето во врска со КОВИД-19, приведени се Миленко Неделковски, Александар Пандов, Владимир Панчевски, Александар Митевски и Наталија Митевска од Инфомакс и сопственикот на угостителскиот објект „Кај Џустра“ во селото Стајковци, скопско, дознава Фронтлајн.
Оваа „групировка“ е затекната од полицијата околу 22 часот. Приведени биле вкупно 20 лица.
Екипата позната по ширење лажни вести и говор на омразата, вазали на инсталациите на режимот на Груевски, грубо го прекршиле член 206 од Кривичниот законик:
Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија
Член 206
(1) Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Д. Е.