ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грчките камионџии реагираат за новите мерки на граничните премини со Северна Македонија и Албанија

March 3, 2021 10:37
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Новите дополнителни и построги мерки на грчката Влада воведени во понеделникот за граничните премини Евзони кон Северна Македонија и Какавиа кон Албанија, што важат и за транспортерите, предизвикаа реакции од Федерацијата на грчките камионџии, кои испратија писмо до надлежните министерства со предлози и барања, но и не ја исклучуваат можноста да постават блокада на Евзони, јави дописничката на МИА од Атина.

Задолжителниот рапид тест при влезот во Грција, ограничениот број на 400 преминувања дневно, работното време од 7 до 19 часот, како и задолжителното пополнување на формуларот PLF (Passenger Locator Form) од завчера важат и за транспортерите, кои преку соопштение велат дека „бескрајното и без логика воведување рестриктивни мерки на копнените граници на земјата, сѐ повеќе негативно влијаат на непреченото функционирање на синџирот за снабдување“.

Од Федерацијата објаснуваат дека во понеделникот, поради ограничениот број дозволени преминувања, при пријавувањето преку PLF формуларот, биле пополнети сите термини за влез во Грција до 20 март.

Истакнуваат дека преку граничниот премин Евзони (Богородица), просечно поминуваат по 2.000 камиони дневно, а проблемите започнале уште од минатата седмица, кога поради тестирањето со брзите тестови, при влезот во Грција од Северна Македонија и Бугарија имало километарски редици.

-Возачите на меѓународен транспорт, како и секоја компанија што работи во Европа и на Балканот и се базира на меѓународна трговија, се соочуваат со последиците од оваа своеволна рестриктивна мерка, која важи за сите, а не се исклучени камионите, вели претседателот на Управниот одбор на Федерацијата на грчки камионџии Апостолос Кенанидис.

Паралелно, од Федерацијата испратија писмо до Министерството за транспорт и врски и Министерството за развој на Грција, во кое ги објаснуваат проблемите со кои што се соочуваат и доставуваат нивни предлози.

Бараат Евзони и Какавиа, за транспортерите, да бидат отворени 24 часа, камионџиите да бидат исклучени од ограничениот број лица за влез во Грција, но и да има дополнителен персонал од Националната организација за јавно здравје кои ги вршат брзите тестови, за да се забрза целата процедура.

-Веќе сме информирани од нашите колеги од другите балкански земји за протесните активности што се поднесени за мерките на Грција, а во случај да не се донесат итни решенија, би сакале да ве информираме дека грчките камионџии се подготвени веднаш да се мобилизираат со затворање на границите, пишуваат во писмото до надлежните Министерства, а во нивното соопштение велат дека почетокот на нивните активности ќе биде блокада на граничниот премин Евзони.

Според „Етнос“, камионџиите биле известени од надлежните дека ќе бидат ослободени од мерката за дневниот дозволен број, но весникот додава дека не се откажуваат од активностите сѐ додека не се промени одлуката, граничниот премин да работи само 12 часа.

Next Post

Османи: Никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk