ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: 62 пратеника ѝ изгласаа доверба на Владата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно лидери во земање на патни трошоци…

March 3, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието и изгласа доверба на Владата. За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, а ниту еден од присутните не беше против. Гласањето за доверба беше без претходна расправа. Според собранискиот деловник, во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува премиерот усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно лидери во земање на патни трошоци. Најдобар старт во прокнижени патни трошоци за 5 месеци има Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, од Василево, кој од Собранието подигнал 4.870 евра под оваа ставка. Веднаш до него е колегата Сурија Рашиди од струшкото село Радолишта, од партијата Алијанса за Албанците, со надомест од 4.777 евра.

Регистрирани 807 нови случаи на Ковид 19, починати се 5 лица.  Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.

МАНУ детектираше британски сој на корона вирусот кај еден од пациентите кои патувале во Занзибар. Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран.

СДСМ: Растот на рејтингот во Извештајот на Фридом Хаус нова потврда за успешните политики на Владата. Извештајот го потенцира новиот забележителен напредок на нашата земја, пред се во поглед на изборите, стабилниот напредок во реформите, како и активната вклученост на медиумите и граѓанското општество во интензивниот јавен дискурс.

Гаф на Османи, бара графа за „Бугари“ во апликацијата за пописот, а според ДЗС таква графа има. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утрово преку својот Фејсбук профил  ги повика претставниците на бугарското малцинство во земјава да се јават во надлежните институции и да побараат графа за нив – „Бугари“.

Пет македонски и еден британски државјанин на аеродромот во Скопје приложиле лажен негативен тест за Ковид-19.

Нуредини: Доколку Собранието го поддржи и усвои овој предлог, нашата држава ќе го добие првиот Национален парк од прогласувањето на независноста. Министерот Нуредини изрази благодарност до сите партнери – до експертскиот тим, академската заедница, иницијативата „Пријателите на Шара“.

Еколошката правда е далечна за македонските граѓани, а институциите ќе треба да работат на подобрување на ефикасноста, транспарентноста, ажурноста и координираното работење. Ова го констатира документот за јавни политики „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“, кој денеска беше презентиран во рамките на проектот „Воспоставување на ефикасна и ефективна еколошката правда” имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи – ЦПИА, финансиран од UK Aid преку Владата на Обединетото Кралство, информира Мета.мк.

Next Post
ФОТО: МИА

Заев: Опозицијата со месеци бара гласање за недоверба на Владата, за денеска и да не бидат присутни кога јас го отворам прашањето

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk