ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Шах-мат во еден потег

March 4, 2021 12:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Позицијата во шахот во која кралот на еден од противниците е „заробен“, а притоа нема слободно поле на кое би можел да отстапи, се вика мат. Да се матира противничкиот крал е главната цел во шахот. Шахистот, чиј крал е матиран, ја губи партијата според правилата на шахот. Откако кралот на еден од шахистите ќе биде матиран, тој нема повеќе потези на располагање.

Ова е дифиницијата за „мат“, која тотално ја прераскажува вчерашната политичко-партиска лекција која Заев му ја одржа на Мицкоски.

Во шахот обично кога му се задава последниот удар на лузерот, неколку потези претходно за да се камуфлира намерата, се жртвуваат други фигури. Заев немаше никаква потреба да жртвува што и да е од едноставна причина што наспроти себе има тотално дезориентиран противник. Не му беше потребна ни офанзива со пешадија, ни поткрепа од топовска артилерија, ни ловци, кралица… доволно му беше да ја искористи слабоста на противникот кој едноставно нема капацитет да се носи со зададената улогата.

Тоа и се случи.

Вчера без присуство на затекнатите од ситуацијата партиски пиуни на Мицкоски, „белиот“ извојува победа практично без борба – шах-мат во еден потег. Кога „белиот“, го повлече првиот потег пиуните едноставно се разбегаа – ја напуштија седницата. Адутот дека се крчка ново парламентарно мнозинство со кое до вчера заканувачки се расфлаше Мицкоски во јавноста само за на тајмерот да си обезбеди некоја минутка плус политички живот, му замина во аут. ВМРО-ДПМНЕ е посрамотена, ја предаде Мицкоски велат вмровците кои одбија да изиграат по неговите правила. Целата вмровска пешадија пак, исто така ја виде оваа шаховска партија, па дури и директно во лице (со коментари на негов профил – Оди си, не те бива!) му ја кажа и прераскажа. Само Мицкоски и онаа шака јада околу него одбиваат да го признаат поразот.

Не знам колку е воопшто соодветно да се споредува шахот како мисловна игра со онаа бесмислена политичка гротеска со сите погрешно повлечени потези која ја игра Мицкоски откако е претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак тој е играч (додуша бааѓи залутан) на оваа маса и мора да се одбележи. Во илузијата на политички ќоравиот Мицкоски, опседнат со својата самозадоволна мантра, тој сè уште си се гледа како победник, дотолку што не успеа ни да го види очегледното.

Во практиката, сите шахисти со достоинство, се предаваат пред да бидат матирани.

Мицкоски одбра да биде понижен.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот.

Tags: ЗаевМицкоскишах
Next Post

Пристигна договорот со Фајзер, првите количини на крајот на месецов

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk